• Latest

Неделна анализа: Кој ќе го пресече „гордиевиот јазол“ за Македонија?

April 3, 2017

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неделна анализа: Кој ќе го пресече „гордиевиот јазол“ за Македонија?

April 3, 2017 17:25
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичката констелација во Македонија е сложена и крајно сериозна, а безбедносната состојба е кревка. Излез на повидок – нема! Продолжуваат протестите под мотото „За заедничка Македонија“, со учесници, потврдени членови на ВМРО-ДПМНЕ, но и граѓани – поддржувачи на нивните политики. Повлекување на т.н. Тиранска платформа е нивното основно барање. Минатата недела и ВМРО-ДПМНЕ донесе Манифест, со којшто декларативно става акцент на демократијата, зачувување на унитарноста на државата, нејзина политичка стабилност, раст на економијата… СДСМ без прекин најавува „доаѓање на нова реформска влада“, којашто ќе ја врати демократијата, владеењето на правото, консолидација на здравствениот систем, образованието…

 

Маратонска конститутивна седница во Собранието

Денеска се одржа шестото продолжение на конститутивната седница во македонското Собрание. И натаму, на дневен ред е расправата за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Во старт се пријавени за првата точка, 51 пратеник за дискусија. Процедурални забелешки и меѓусебни надмудрувања за тоа кој што направил за државата и граѓаните се главно причините, што оваа седница стана маратонска.

Додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат отфрлање на т.н. Тиранска платформа или распишување нови парламентарни избори, заедно со локалните, од СДСМ се децидни дека треба да се изберат членовите на комисијата. Потоа, бараат да се избере претседател на Собранието и да се гласа Програмата на идната влада.

Манифестот на ВМРО-ДПМНЕ, неуспешен обид за враќање на Груевски?

Во време на масовни протести на граѓаните против т.н. Тиранска платформа, за кои што е јасно дека се поддржани од членството и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија усвои и Манифест за национално обединување за прашањата што се од заеднички интерес за граѓаните. ВМРО–ДПМНЕ нуди мнозински изборен модел или бонус од 20 пратеници за победникот на парламентарните избори. Вака, сметаат од партијата, ќе се постигне политичка стабилност.

Потсетувајќи дека оваа е 2017, а не 1903 година, СДСМ обвинува дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ е составено од криминалци, кои бараат спас за сопствената кожа: „Спасители на државата се граѓаните што избраа промени. Затоа т.н. Манифест на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо друго, туку неуспешен обид за враќање дефакторизираниот Груевски во политичкиот живот“.

СДСМ бара итен и мирен трансфер на власта. Аналитичарите во некои национални медиуми, Манифестот на ВМРО-ДПМНЕ го оценија како „лицемерна тактика и манипулативна стратегија којашто не нуди излез од кризата“.

ДУИ размислува да ги повлече сите министри од Владата

Наводите за повлекување на сите министри од ДУИ од техничката влада предизвикаа реакции и меѓу парламентарните партии, но и во јавноста. Според експертите, постои опасност Македонија да се соочи со правен вакум од којшто тешко ќе се излезе.

Партиите од парламентарното мнозинство се со став дека повлекувањето на ДУИ од техничката влада, особено во министерствата каде што нема заменици министри, како МВР, ќе предизвика сериозни проблеми. Од една страна, нема кој да ги констатира оставките во Собранието. А, фактот што не е избран новиот спикер на парламентот е кочница за избор на нова влада.

Според Беса ова е евтин трик на ДУИ, со којшто не се деблокира Собранието, туку се доусложнува политичката состојба. Од Алијансата за Албанците сметаат дека е лицемерно и непринципиелно ДУИ од една страна да го поддржи Заев во формирање нова влада, а од друга, да ја дели власта со ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ бара од ДУИ подобро да ги објаснува своите одлуки. Од СДСМ останаа воздржани за  коментири на новите постапки, најавени од Мала Речица.

Партијата „Достоинство“ побара министрите од ВМРО-ДПМНЕ да поднесат неотповиклива оставка, наместо да бидат во коалиција со оние, што според нив, ѝсе закануваат на Македонија.

Кризата сѐ подлабока, граѓаните турнати на маргините

Следење на сите детали на релевантните политички партии во Македонија, посетите, нови чекори на меѓународната заедница – со цел што поскоро решавање на политичката криза, стана секојдневие речиси на сите граѓани. За жал, во оваа констелација, реалниот живот на граѓаните е турнат на маргините. Околу 200 работници на фабриката „Леар“, отворена во ТИРЗ Тетово како странска инвестиција, се затруени со стафилокок, според првичните информации од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Околу 250 други работници од фабриката „Зона Трико“ од Виница на протест бараат исплата на заостанати осум плати од минатата година, откако на нивните трансакциски сметки им била исплатена нето плата од по 1 денар и тоа само за четири месеци!

Голем број жители, жртви на поплавите (06.август, 2016г.) во скопско Стајковци реагираат и се жалат дека владниот аванс не им е доволен за санација на штетите и повторна адаптација на нивните домови.

Но, за министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими нема причина, зошто сѐ уште некои жители би биле и натаму сместени во домовите, кога временските услови дозволуваат да се вратат во своите живеалишта.

Кој ќе го пресе „гордиевиот јазол“ за Македонија?

Секој чекор во и на парламентарните партии, особено на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски и на СДСМ и лидерот Зоран Заев е под лупата на меѓународната заедница. Оттаму доаѓаат многу децидни пораки, дека претседателот Ѓорге Иванов треба да му го даде мандатот на Зоран Заев, откако тој ја доби довербата од 67 пратеници, парламентарно мнозинство во новиот собраниски состав, што брои 120 пратеници.

Денеска претседателот на Европскиот совет Донал Туск и претседателот Иванов имаа тет-а-тет средба, на јасна тема – итно решение на македонската криза.

Но, и по оваа средба останува дилемата, кој ќе го пресече „гордиевиот јазол за Македонија?

Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „гордиев јазол“„Зона Трико“БесавладаВМРО-ДПМНЕДУИМанифест маратонска седницамаргини „Леар“СДСМСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ