• Latest
Креирано со помош на ВИ

Не Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се главни кочничари за влез на земјава во ЕУ

February 18, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Не Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се главни кочничари за влез на земјава во ЕУ

February 18, 2026 09:10
in ПОЛИТИКА, ПРОЦЕСИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Според последното истражување на Институтот за демократија Социетас цивилис презентирано во Сoбранието кон крајот на јануари, по долги години пад, се бележи раст на поддршката на граѓаните на Северна Македонија за влез во Европската унија. Ваквиот раст, пред сè се должи на промената на расположението и поддршката од претходно неопределените и „неутрални“ граѓани. Според истражувањето направено во ноември лани, дури 71 отсто од граѓаните дале поддршка за ЕУ, што е скок од речиси десет отсто, и, што е најинтересно, таа разлика се должи на сменетото расположение кај македонскиот етникум.

Истражувањето покажува и дека на ЕУ континуирано се гледа како на најдоверлив партнер на Северна Македонија, сега и поради промрнливат политика на администрацијата на Трамп.

Пораката е пратена, но засега наидува на глуви уши кај Власта. Мицкоски упорно одбегнува да ги реализира договорените обврски со кои ќе се одблокираат преговорите за членство во ЕУ. Мицкоски во своето антидржавничко однесување, се чини дека сѐ уште смета на поддршката што ја доби на парламентарните избори 2024 година, иако истата драстично се намали за неверојатни 134.000 гласови помалку на локалните избори што следеа една година подоцна, додека истовремено, според истражувањето, поддршката за ЕУ расте и меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Заблуден за својата улога како голем лидер, поставува дополнителни услови, глумејќи загриженост за Македонците во Бугарија, небаре него го молат да влезе во ЕУ. Очигледно е дека ги занемарува сугестиите од земјите кои веќе ги завршиле преговорите, и станале членки на Унијата, дека горливите прашања полесно се решаваат кога си внатре во ЕУ.

Удобно седнат во скутот на олигарсите, и до максимум искористувајќи ги државните ресурси за лукративни и теснопартиски интереси, тој со својата изјава од собраниската говорница дека „Бугари во Устав нема да има, додека јас сум претседател на Владата на Република Македонија“, полека, но сигурно „забегува“ кон авторитаризам, по примерот на своите ментори, Виктор Орбан и Александар Вучиќ.

Освен на влошување на и онака лошите односи со Бугариа, Мицкоски  од петни жили се труди да ги обнови несогласувањата со друга соседна земја, Грција, откако беше решен деценискиот проблем и се тргна ветото за влез во НАТО. Овој пат, Мицкоски не се придржува за уште еден ратификуван меѓународен договор, избегнувајќи да го користи уставното име на државата.

Со создавањето надворешни и ванатрешни непријатели, Мицкоски го артикулира и практикува принципот да идентификува, измисли или засили специфичен непријател кон кој популистички ќе ја насочи креираната омраза што ќе го одржува на врвот на политичката моќ.

Истовремено, граѓаните и економијата се соочуваат со сѐ поголеми пречки при обидите да ги преминат границите на ЕУ. Веќе ни лажните објави, како онаа на министерот за транспорт Николоски дека добил одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Северна Македонија, претставувајќи го како голем успех на Владата, чии ставови се прифатени, и возачите се прифатени како професионалци, зошто токму тоа било барањето од министерот и владата, не траат долго. По нешто повеќе од 15 дена од несреќната изјава на Николовски, стига објава дека  ЕУ ги отфрлила сите предлози на превозниците од Западен Балкан, и тоа не од нашиот, туку од босанскиот министер за транспорт, кој изјави дека засега “нема решение за проблемот со транспортерите.

Во меѓувреме, уште една финансиска инјекција од ЕУ за Софија во најава. Бугарија е на чекор до добивање повеќе од 3,2 милијарди евра европско финансирање за забрзана модернизација на вооружените сили преку инструментот SAFE.

Станува сѐ поочигледно дека не Бугарија, туку ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се главен, ако не и единствен кочничар за влез на земјава во Европската Унија.


Текстот е личен став на Авторот

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ