• Latest
Pilbro, Anthony; Ship of Fools; Herbert Art Gallery & Museum; http://www.artuk.org/artworks/ship-of-fools-55434

Не е сѐ во тендерите

December 27, 2018

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Не е сѐ во тендерите

December 27, 2018 10:39
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Pilbro, Anthony; Ship of Fools; Herbert Art Gallery & Museum; http://www.artuk.org/artworks/ship-of-fools-55434

Pilbro, Anthony; Ship of Fools; Herbert Art Gallery & Museum; http://www.artuk.org/artworks/ship-of-fools-55434

Share on FacebookShare on Twitter

Сакате еден сосема обичен муабет за сосема обични, секојдневни маки? Нешто што нема да го запомните, затоа што е дел од секојдневните кафеански средби, по дома додека телевизорот е фон на семејната атмосфера, на пауза на работа… Нешто сосема неспектакуларно и непретенциозно… Запрашајте се само, колку пати дневно помислувате на ова што ќе го прочитате денеска од мене. Животот ни помина со ваквите прашања и мисли. Станавме огорчени, но и целосно помирени со тешкиот живот, со секогаш „истата состојба“ (ствар од Падот на Византија). Прочитајте, пред чаушите да почнат со неумереното гоштавање по луксузните хотели… Испратете им го во инбокс. Тешко дека ќе им застане ковче од лососот во грло, бидејќи скапите вина сѐ протеруваат во големиот мев на уживањето во власта. Но… Не стојте мирни!

Џабир Дерала

По казните го запомнивме режимот на Груевски. И по многу други нешта, но казните беа една од неговите главни одлики. Навистина, казните сега се намалени, но казнувањето станува сѐ поинтензивно. Почнувајќи од ревносните паркинг патроли, завршувајќи со силниот притисок врз фирмите за исплата на сите давачки, имале тие пари или не. Фамозниот К15 можат да го избегнат сите што се малку поголеми, благодарение на недоследностите во Општиот колективен договор. Затоа, фирми со еден вработен (самиот сопственик), добиваат блокада на сметката ако задоцнат со исплата. „Зарем јас не сакам самиот да си платам плата, придонеси и К15? Од каде кога немам?!“ – ми се жали еден сопственик на човек-фирма. Блокадата подразбира давачки за извршители, деблокирање сметка во банка (што е со непристојно висока цена), камати и што не. Значи, казна. Казна врз казна.

Убаво е да се почитува законот, но само ако важи за сите. Најголемите загадувачи добиваат државна помош, што значи наши пари. Колку си посиромашен и помал, толку полошо. Тие што одвај врзуваат крај со крај, треба да „кркаат“ поголеми казни. Суперхик филозофија, „крадам од сиромашните, за да им дадам на богатите“.

(Ова е илустрација.) Убаво е да се воведе ред во паркингот и тој да се плаќа. Нема ништо ненормално во тоа. Но, за да се наплаќаат високи казни за непрописно паркирање, треба да има барем приближно доволно паркинг. Уште поважно, да има добро организиран јавен превоз што не загадува, евтин и редовен. Звучи како фантастична приказна, а е толку нормална и секојдневна придобивка на секој човек во Европа. Но, за такво нешто (толку обично) да доживееме, урбаната мафија во спрега со властите, локални и централни, треба да се сведе на минимум. Не, тоа остана доминантна „делатност“ на политичарите, функционерите и администрацијата.

За да се наплаќаат казни за незавршени обврски кон државата, државата мора (има обврска!) да обезбеди услови, барем минимални, за тие обврски и да се исполнуваат. Нервира таа бескрајна небрежност, тој цинизам и ароганција за обичните потреби на обичниот човек што не го допрела „милоста на државата“.

Има народот, ќе плати. Нема пари во буџетот, удри на покачување на цените. Автопатите преполни со дупки, патарините остануваат исти или се поскапуваат. Улиците преполни дупки, без знаци, претесни да ги соберат сите канти на четири тркала, темни како да има бомбардирање… Администрација има како да сме шест милионска нација, ама затоа ќе чекате во редица како да сте под казна, ви се обраќаат како да сте криминалци. Па, не е ни чудо. Ги има премногу, а лошо се платени. Можеме да фрламе дрвја и камења по администрацијата во целост, со право, но затоа многумина од нив, поединечно, имаат мака да го истераат месецот пристојно и достоинствено. Исто како ние, обичните смртници.

Сите се заглавени во долгови, но затоа Водовод нема проблем да „ископа“ неплатена (ако воопшто е неплатена) сметка стара 12 години, БЕГ да наплати паушал и тогаш кога не поминува цевка од Топлификација низ станот…

Решенија има. Познати се, јасни се и светли како ден. Напишани се, кажани се, ветени се. Само треба да се спроведат. И продавачот на печени костени на улица Македонија и наставничката во основното училиште и медицинската сестра во болницата знаат како да се подобри животот на луѓето. Не е тешко. Не е сѐ во тендерите, некој мора и да ги плати. Кредитите мора да се вратат, а тоа не се печали со казни и покачување на цените. Не може само да се слави и прославува, да се јаде и пие без мерка, по истите објекти што режимот ги направи за себе и се гостеше како да ќе трае илјада години… Се договоривме (или не?) сосема поинаку. Дека ќе се работи.

Не може премиерот сам да ја заврши целата работа. Или може?

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share120TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ