• Latest
Добро утро со Орданоски

Не е спорно кој беше подобар

March 27, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Не е спорно кој беше подобар

March 27, 2019 07:19
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Н[/dropcap]е му беше тешко на Заев да се справи со Мицкоски во директниот ТВ дуел. Позициите на Мицкоски се, објективно, послаби по повеќето од клучните прашања од македонската домашна и надворешна политичка агенда. Иницијативата сè уште ја има власта и тоа како резултат на големите ризици што ги превзема лично Заев во спроведувањето на неколку компликувани проекти во изминатите 4-5 години; за разлика од Мицкоски кој не реши ништо, не ризикуваше претерано, а главно одигра погрешно по магистралните правци на македонската современа политика. Мицкоски, всушност, во изминатата година-две не покажа доволна остроумност ни да се приклучи кон успехот на Македонија, иако за тоа имаше повеќе од една прилика, со многу „понадици“ што се носат на болен легнат на постела.

Тоа се рефлектираше и во дебатата. Тонот на „прошетката“ по сите важни дневно-политички и среднорочни проблеми што ја преокупираат македонската политика го диктираше Заев, иако на моменти жестоката дискусија не донесе ништо ново. Мицкоски е „омекнат“ по прашањето на Преспанскиот договор (и нему му е јасно дека е тоа завршена работа, која ќе се сведе на криење на беџовите со името на државата по меѓународните настани на кои ќе го канат), а собра кураж, макар срамежливо, но јавно да се дистанцира од злосторите на 27 април (и покрај сите „ама“, „но“, „сепак“…).

За СЈО, галиба, меѓупартиски договор ќе нема, впечаток е дека прашањето и двете страни повеќе го третираат пропагандно, отколку политички. Дриблањето ќе продолжи во шеснаесетникот на Собранието.

Всушност, оваа дебата претставува пропуштена шанса македонската јавност да биде изненадена со некаква нова, креативна иницијатива којашто би можела да дојде од едната или од другата страна, а која би значела затворање на несогласувањата барем на помало ниво на меѓусебно нетрпение од ова што сега постои.

Можеби е тоа премногу да се очекува непосредно пред избори, кога меѓупартиската конфронтација, а не соработката е на цена, но впечаток е дека и кога би доживеале таков продор во некаква иднина, тоа ќе го стори Заев, а не Мицкоски. Во ВМРО уште не можат да му простат на Заев што така спектакуларно и темелно ги „приземји“ од власт, токму кога мислеа дека и за трето колено се обезбедени со доживотни државни функции и синекури. Такво чувство на лична навреденост имаше кај голем број функционери на СДСМ кога од власт ги симна Љубчо Георгиевски, пред дваесетина години. Тогаш Бранко го потцени Љубчо, како што Грујо и Мијалков го потценија Заев, а Мицкоски продолжува да ја носи таа „шуга“ на себе, како првут на рамена.

За тоа да се надмине се потребни политичко искуство и мудрост кои Мицкоски, за жал, не ги поседува. Затоа полемичните ставови му се ситничави, „сметководителски“ и дневно-политички, оставајќи му простор на Заев – додуша, од комотната позиција на власт – да поентира со повици на заедништво, слога и визионерски идеи за прекрасната иднина на „нашата Северна Македонија“… Иако во ракавот, за секој случај, го чува и деталниот брифинг за имотната и професионалната кариера на Мицко, да му се најде ако визијата дебатно зачкрипи. И му се најде.

Всушност, овој вид на дебати, целите во грч и општа напнатост, не им доволуваат на нашите политичари да го надминат нивото на медиокритетство коешто превладува и во општеството. Во нив недостасува вистински интелектуален натпревар, нема ни обид за духовитост… Има тајмер што го мери времето за реплики и контра-реплики, како тажно потсетување дека е поважно кој кого ќе надзбори, наместо кој кого да надмисли.

На крајот на краиштата, овој пат „победи“ Заев. Но, замислете колку би било подобро на вакви соочувања да нема поразени.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share628TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ