„Покрај воената агресија, која се манифестираше во бројни напади на медиумски објекти (ТВ кули и станици), медиумски работници и новинари и фоторепортери кои извршуваа службени задачи, сведоци сме и на пропагандна агресија (и обид за задушување на слободата на изразување и слободата на мирен протест не само во Украина, туку и во Руската федерација). Многу руски новинари се прогонувани или казнети, повеќето руски медиуми се затворени или цензурирани, а илјадници луѓе кои јавно протестираа против војната во Украина беа затворени.
Не само слободата на изразување, туку слободата воопшто, е најголемата жртва на воената и пропагандна агресија. Слободата во Украина е загрозена и ограничена од досегот на окупаторската артилерија и авијација. А жртви на пропагандната агресија можеме да идентификуваме до каде што досегаат Путиновите пропагандни канали, не само на Балканот и во ЕУ, туку и во Азија, Африка, па дури и на територијата на САД.“
Извадок од колумната Слободата е најголема жртва на воената и пропагандна агресија од Жарко Трајановски, објавено на ЦИВИЛ Медиа, на 3 мај, 2022.