• Latest

Нема потреба од вонредна состојба, треба да се почитуваат мерките, апелираат надлежните

October 30, 2020
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Нема потреба од вонредна состојба, треба да се почитуваат мерките, апелираат надлежните

October 30, 2020 10:15
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Носењето маска на отворено има исклучоци при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита, се новите мерки кои беа донесени завчера со измени на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Одлуките на Владата кои се донесоа по препорака на Комисијата за заразни болести во целокупниот изминат период, според надлежните се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните како врвен приоритет без притоа да се калкулира со каква било друга протекција во однос на економските или некои други социјални аспекти во државата.

Министерот за здравство Венко Филипче, вчера истакна дека засега не се потребни никакви други ниту законски измени, ниту пак нешто друго што би овозможило воведување на некои дополнителни мерки со цел заштита на здравјето на граѓаните. Овој пакет мерки, кој сега е на сила, како што вели, е пакет мерки кој се користи во сите европски земји.

„Мерките кои се сега во сила се имплементираатво цела Европа. Ограничениот капацитет на пополнување во јавниот превоз, задолжително носење маски на отворено, затворање на угостителските објекти во 23 часот, препораката да се работи од дома и онлајн, е нешто што доколку се почитува може сериозно да ја намали трансмисијата на вирусот“, потенцира Филипче.

Вчера во претседателската „Вила Водно“ се одржа седница на Советот на безбедност, каде актуелната ситуација со КОВИД-19 и мерките за сузбивање на пандемијата беше единствена точка, на која присуствуваше и министерот Филипче.

„Во  отсуство на вакцина и лек за Ковид – 19 нема друга алтернатива освен доследно почитување на заштитните протоколи, физичка дистанца, носење маски и драстично намален број на дружби и семејни собири. Направете го тоа за себе и за своите најблиски“, апелираше до граѓаните претседателот на државата Стево Пендаровски.

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче по состанокот истакнаа дека нема потреба од воведување нова вонредна состојба и оти досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните.

Пендаровски рече дека за ова не било разговарано и оти вонредната состојба не е опција бидејќи нема сознанија и проценки дека доколку се прогласи, ќе се победи вирусот. Останува на мислењето дека вистинско место за дискусија за оваа тема треба да биде Парламентот.

„Тогаш немавме функционално Собрание, имавме техничка влада и обврската падна кај мене. Тогаш примарниот мотив да декларирам вонредна состојба беше Владата, во недостиг на функционално Собрание, да носи уредби со законска сила. Сега, имаме функционално Собрание кое може да носи закони“, рече Пендаровски, појаснувајќи дека нема врска вонредната состојба со полицискиот час.

Од СДСМ велат дека важно е сите да покажеме одговорност за сопственото и за јавното здравје.

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и покрај обидите за опструкции од ВМРО-ДПМНЕ, ги донесе измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Со овие измени стапуваат на сила новите мерки, коишто се имплементирани во цела Европа и  гарантираат повисок степен на заштита и намалување на ширењето на коронавирусот. Покрај носење заштитна маска во затворени простори каде што може да се соберат повеќе лица во исто време, во државни институции и приватни деловни објекти, сега е задолжително носење заштитна маска и на отворен простор“, стои во нивното соопштение.

Од партијата додаваат дека и покрај сериозноста на ситуацијата, состојбата е под контрола и никој нема да остане без здравствена нега.

„Сега е неопходно сите граѓани доследно да ги почитуваат мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот. Само на тој начин, заедно можеме да ја намалиме трансмисијата на вирусот и да го заштитиме јавното здравје“, стои во соопштението на СДСМ.

Во Скопје денеска треба да пристигнат 60 респиратори, донација од НАТО за справување со последиците од пандемијата на Ковид-19.

Донацијата од НАТО Доверителниот фонд, вредна 1,4 милиони евра, на Меѓународниот аеродром Скопје, ќе ја примат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ