• Latest
Бенјамин Нетанјаху

Нетанјаху го повика „светот да се обедини за да го порази Хамас како што ги победи ИСИС и нацистите“ и ги предупредува Иран и Хезболах: „Не тестирајте нè“

October 16, 2023

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Нетанјаху го повика „светот да се обедини за да го порази Хамас како што ги победи ИСИС и нацистите“ и ги предупредува Иран и Хезболах: „Не тестирајте нè“

October 16, 2023 19:40
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Бенјамин Нетанјаху

Бенјамин Нетанјаху

Share on FacebookShare on Twitter

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави пред Кнесетот дека Израел е обединет во својата кауза, признавајќи дека ќе има истрага за разузнавачките и безбедносните неуспеси што му дозволија на Хамас да изврши таков разорен напад на 7 октомври. Тој го повика светот да се обедини и да се бори против Хамас. Повеќе од 1.300 Израелци беа убиени во ненадејниот напад, а Хамас зеде најмалку 199 заложници во Газа, кои сè уште ги држи, објавија западните медиуми.

„Има многу прашања околу катастрофата што нè снајде пред 10 дена. Ние детално ќе го истражиме секој аспект“, рече тој.

„Нацијата е обединета во една цел – победа. Ќе триумфираме бидејќи се работи за самото наше постоењена овие простори, кои се преполни со мрачни сили. Хамас е дел од злобната оска на Иран и Хезболах. Нивната цел е да го фрлат Блискиот Исток во бездната на хаосот. Сега многумина ширум светот разбираат со кого се соочува Израел. Тие сфаќаат дека Хамас претставува нова верзија на нацизмот. Како што светот се обедини за да ги победи нацистите и ИСИС, така мора да се обедини и да го победи Хамас. Посветени сме на сите семејства. Нема да попуштиме во нашите напори да ги вратиме нашите браќа и сестри“, истакна Нетанјаху во својот говор.

Израелскиот претседател Исак Херцог, исто така, изјави пред пратениците дека војната против палестинската милитантна група Хамас е конфликт меѓу „апсолутно добро“ и „апсолутно зло“.

„Сите зборуваат за сложеност, но ова не е комплексен момент. Тука има апсолутно добро, има апсолутно зло. Тука има светлина, а таму темнина“, нагласи Херцог на првата зимска седница на Кнесетот, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека Израел, благодарение на САД и нивната помош, не е сам во оваа војна. „Ние се бориме како дел од семејството на народите, сите оние кои бараат правда, мир и слобода, против непријателот кој докажа дека човештвото и хуманизмот се негови непријатели“, рече Херцог. Тој нагласи дека израелското општество се обединило во изминатите 10 дена, откако палестинската милитантна група Хамас изврши напади врз Израел.

„Бруталниот напад на нашите непријатели беше насочен кон еврејскиот народ. Речиси нема дом во Израел каде што не стигна бранот на болната трагедија што ја доживеавме“, рече шефот на израелската држава.

Според него, „длабочината на заедничката тага докажува дека сите граѓани на Израел се една израелска нација. Имаме прекрасна нација, нација која знае дека нема друг избор и нема друга земја”, заклучи Херцог.

Г. Т.

Tags: ИДИранКнесетНетанјахуобединувањепоразХамасХезболахХерцог
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ