• Latest
Јане Ѓорѓиоски

Ни криви ни должни?

September 26, 2024

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Ни криви ни должни?

September 26, 2024 18:12
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Јане Ѓорѓиоски

Јане Ѓорѓиоски

Share on FacebookShare on Twitter

ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Ни криви ни должни проблемите што ги има унгарскиот деспот Виктор Орбан со Европската унија, со неговите угнетени дома, со цел демократски свет, си ги донесовме и кај нас.

Нашата – Владата на Мицкоски ни ги донесе. Мицкоски лично ни ги донесе.

Небаре малку си ги имаме, нели.

Како почна?

Сè нели почна кога Орбан ни го прибра нашиот храбар Груевски кој побегна во неговите азилски прегратки за да не лежи во затвор.

И така почна да ни се тркала будимпештанското тркало и орбанова Унгарија стана дел од нашата историја.

Уште таа несреќа ни фалеше во мачната ни историја македонска.

Таа низа од несреќи си ја влечкаме на врат со години, односно ни ја влечка со години тој што побегна, а кабаетот е и на тие што дозволија да им побегне.

Колку ни е паметот?

Со огромно мнозинство на демократски избори по само седум години си ги донесовме неговите пуленчиња, што лично ги именува за наследници. Си ги донесеме пак на власт и во позиција да ни диктираат политики, да нè задолжуваат и вазалат со сомнителни заеми што се на раб да немаат економска логика ама затоа имаат силна политичка логика… да ни решаваат судбини.

Да нè упропастуваат на долг рок.

Маратонски да нè исцрпуваат.

Да ни исцицаат последна капка надеж…

А денеска, за болката да ни се интензивира, си добивме уште еден шамар.

Додека Унгарија претседава со ЕУ, Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1. Со ова Македонија е одвоена од Албанија на европскиот пат, а Скопје останува во „лимбо“ како што пишува бриселскиот портал „Еурактив“

Иронијата да е уште поголема, додека Орбан е во моментот во Македонија, ова го соопштува токму портпаролката на унгарското претседателство за Корепер, Ана Атанасов.

Нека ни е наздравје, ќе си тапкаме во место.

И, така, Македонија ГОРДА!

Уствари, кога добро ќе размислиш, не знам дали сме ни криви ни должни.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Фронтлајн
Tags: Виктор ОрбанЕУХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ