Зоран Мијалков, на својот твитер профил, денеска соопшти дека благодарение на здружението „Сплотени срца“ конечно пронашле возило кое ќе го купат и ќе послужи како помош на оние родители кои имаат деца со церебрална парализа и мускулна дистрофија во Штип.
„Овој Велигден ќе биде посебно среќен. Оние во фотеља нека бидат раат, сами ќе го направиме што треба тие да го прават!“ стои во пораката која ја сподели Мијалков на својот профил.
Зоран Мијалков е и еден од основачите на здружението „Сплотени срца“, здружение на родители на деца и возрасни со аутизам и сродни состојби. Тие досега имаат спроведено многу акции со кои помагаат на родителите, исто и акции со кои се трудат да стигнат до институциите кои не им се од голема помош на своите граѓани кога станува збор за ваков тип на проблеми.
А. Петровска