• Latest
Мирослав Јовановиќ / Фото: Слободен печат

Ние околу нас…

August 25, 2023

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Ние околу нас…

August 25, 2023 14:41
in ОПШТЕСТВО, СТАВОВИ, ТОП 5
Мирослав Јовановиќ / Фото: Слободен печат

Мирослав Јовановиќ / Фото: Слободен печат

Share on FacebookShare on Twitter

МИРОСЛАВ ЈОВАНОВИЌ

Сè се намерачило против нас: комарците ни пијат крв, децата ни трошат многу пари и така до бесконечност. Но, дали е така? Дали имаме претстава за основниот, за просечниот модел македонски гласач и сограѓанин со базични, фабрички поставки? Би рекол – немаме.

Ако тргнеме од премисата дека секој народ има/добива власт каква што заслужува, идентична на неговиот светоглед, иднината на нашата земја е доведена во прашање; не без причина. Тој народ (мислам на нации, групи, на сите што „под разно“ живеат во РСМ) го сочинуваат ликови од нашето соседство, сограѓани што ги гледаме во продавница, на работа, на улица…

Често се прашуваме што се случува со нас и со нашето општество и секојдневно си даваме површни одговори; те виновен ни е тој и тој политичар, таа партија, времето, регионалните моќници во даден политички контекст (сите нè мразат и работат против нас, зад грб), лебот што го јадеме е некако недопечен, а доматот прскан, па често имаме дијареја. Сè се намерачило против нас: комарците ни пијат крв, децата ни трошат многу пари и така до бесконечност. Но, дали е така? Дали имаме претстава за основниот, за просечниот модел македонски гласач и сограѓанин со базични, фабрички поставки? Би рекол – немаме.

Нашиот просечен граѓанин е полуобразован (вклучително и тој со диплома за високо образование), неинформиран (чул – не дочул, зачитал – не дочитал, разбрал – недоразбрал, знаел – не знаел итн.), по правило е скаран со некој од соседите, со перцепција за себе дека тој никогаш не е виновен за сопствениот животен пат – другите, со врски, му ги растуриле плановите, морал да се ожени/омажи затоа што така треба, има сомнителни хигиенски навики, се лечи преку Гугл, тој знае од што е болен, лекарите не знаат, се лекува (преферира) со чаеви и бајачки, верува во завери и теории на заговор – дека Земјината топка е рамна, на пример – во петок руча посен грав, а зелката (варена или пресна) оди со сè само не со чоколадо.

Во доживувањето на својата нација секогаш е наклонет кон митови, а помалку кон историските докажани вистини, во некоја од другите нации, како по правило, гледа како на карадушман, за кого чува (во резерва) највулгарни зборови и клетви, убеден е дека државата не сторила доволно за него и за неговото семејство, секоја казна од државата што ќе ја добие на домашна адреса ја смета за лоша среќа, а не поради тоа што не ги почитувал законите, за политиката не зборува со резон, туку со наслушнати фрази за чие значење поим нема, но се однесува како да знае сè – од идеалниот состав на репрезентацијата во фудбал, до уставните измени. И така во недоглед.

Во минатото не беше така. Имаше општествени механизми со кои будалите и медиокритетите беа елиминирани уште во претквалификации за јавен говор и за делување. Не беше важно дали стануваше збор за уметничка, еснафска, стручна, научна или која било друга критика, за кафански потсмев или за изолација, за уредничка интервенција… Будалите и медиокритетите не беа мејнстрим. Нашите општество и држава беа сосема пристојно место за живеење.

Денес е сосема поинаку. Кумановците велат: „Не му давај стап на будалу, ќе те удри“. Истото е, би рекол, и со (зло)употребата на правото на глас или на јавен говор. Знам дека ова е ерес, но претпоставувајќи го нашиот просечен гласач и граѓанин, неговите светогледи и животни навики, капацитетот за носење рационални одлуки, прашањето зошто сме тука каде што сме, а нештата не одат на арно, изнедрува логичен одговор – затоа што нашата способност за рационално расудување и за избор е еднакво на она на рибата плашица.

Она што владее во нашите животи е само наша слика во огледалото на историјата и на тековните процеси.

Никој не ни е виновен. Еден ден ќе се „разбудиме“ од овој грд сон и ќе ја согледаме својата вистинска слика и рефлексија пренесена на општествените прилики. Дотогаш не ни останува ништо друго освен, по правило, ревносно да си го губиме времето тапкајќи во место, измислувајќи нови теории на заговор и невидливи непријатели на нашата докажана потпросечност во секоја смисла. Затоа најфантазмагоричните изјави на некои од политичарите или од „јавните личности“ ни делуваат сосема веродостојно и опасно по нас, а колку што е поголема глупоста/опасноста, толку е полеплива за народното уво.

Ги трошиме меѓународните пријателства бадијала, на дневна основа, но никако да ја истрошиме сопствената глупост. Не случајно се вели дека само глупоста и вселената се бесконечни.
Конечно, најлошо од сè е кога некој ќе нè праша: што има ново? – да му одговориме: ништо. И така, со децении наназад.
Да не сме урочени?

Извор: Слободен печат

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ