„Ме инспирираше да презентирам идеи кои се можеби за нијанса поразлични од оној вообичаен наратив и она што вообичаено сме навикнати да слушаме за хибридни закани, дезинформации, за лажни вести. Конечно гледам проактивност некоја, гледам едно големо „за“ наспроти едно помало „против“, истакна Националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец.
„Ме охрабрува начинот на кој НАТО во последните стратешки документи вели ние не сме препознаени, или не сакаме да бидеме препознаени против она што се бориме, туку сакаме да нè знаат по она што го промовираме. Општествените чинители кои презеле одговорност и си зацртале дека ќе промовираат соживот, дијалог, разбирање, мора многу повеќе да вложуваат во каузите „за“ отколку „против“.
Сите ние што предолго зборуваме за борба против дезинформации, справување со лажни напади, одбрана од хибридни закани, подзаборавивме што е нашата демокаратска агенда, за она што претходно сме се бореле на улиците. Сите ние кои застапуваме демократски вредности треба да обрнеме внимание за она ЗА, за да ги привлечеме граѓаните да бидат на оној автопат на добри нешта, наспроти темните канали на дезинформациите.
„Ние сме на автопатот, дезинформаторите се во мрачните тунели“, истакна меѓу другото Забрчанец, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.