• Latest

Никогаш не е доцна за удари врз агресорот: Генерал-мајор Вадим Скибицкиј говори за глобалната поддршка, пропагандата на Кремљ и борбата на Украина за слобода

December 9, 2024

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Никогаш не е доцна за удари врз агресорот: Генерал-мајор Вадим Скибицкиј говори за глобалната поддршка, пропагандата на Кремљ и борбата на Украина за слобода

December 9, 2024 13:59
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФО, ИНТЕРВЈУ, СВЕТ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Генерал-мајор Вадим Скибицкиj, заменик шеф на Управата за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина во ексклузивно интервју за ЦивилМедиа говори за политичките одлуки на САД и нивните сојузници за употреба на далекудометно оружје врз воените цели на агресорот, неопходноста за справување со руското влијание во Европа, и неопходноста за единствено дејствување против руската агресија. Генерал-мајор Скибицкиj испраќа јасна порака: единството и решителноста се клучот за слобода и мир.

ЏАБИР ДЕРАЛА / ЦИВИЛ МЕДИА: Ви благодариме што одвоивте време за ова ексклузивно интервју. Да почнеме од одлуката на Претседателот на САД, Џо Бајден, кој неодамна даде овластување за употреба на американското оружје за воени цели на тлото на рускиот агресор, одлука што ја следеше и Обединетото Кралство. Колку се од помош овие одлуки, имајќи предвид дека се работи за доцнежна фаза на војната?

ГЕНЕРАЛ-МАЈОР ВАДИМ СКИБИЦИЈ: Не можеме да тврдиме дека сегашната фаза е доцнежна, бидејќи не знаеме со сигурност и прецизност колку долго ќе трае во една или друга форма.

Но додека русија ја продолжува војната и окупацијата на украинските територии, да се нанесуваат удари врз воените цели на агресорот и да се ослабува истиот никогаш не е доцна.

Секако, сите ние во Украина би сакале да ја имаме потребната воена опрема за што побрзо завршување на војната, да имаме значителна предност над русија ― нашата држава, нашата армија, нашиот народ секојдневно вложуваат напори за да станат посилни во оваа борба за правото на нормален и слободен живот.

Нормалниот живот не ѝ одговара на путинова русија, која продолжува да извршува воени злосторства, да ги гранатира нашите градови и да вклучува странски војски во криминалната војна против Украина.

Украина им е благодарна на партнерите во САД, Велика Британија и Франција за важната политичка одлука да ја поддржат употребата на далекудометно оружје за удари врз воените цели на државата-агресор. И ние ќе продолжиме да удираме, бидејќи само овој јазик го разбираат во кремљ.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што мислите за одговорот nein (не) од Германскиот канцелар Шолц за испорака на германските далекуметни ракети „Таурус“ на Украина?

СКИБИЦИЈ: Всушност, Германија ѝ дава на Украина многу значајна воена помош, и ние сме благодарни за сè ― за системите за противвоздушна одбрана, тенковите, артилеријата, дроновите, како и за друго важна оружје, техника и опрема.

Инструкторите од Бундесверот ги обучуваат украинските војници. Во германските болници се лекуваат нашите повредени. Вкупно, германскиот народ и владата ѝ обезбедија на Украина поддршка вредна 28 милијарди евра, и таа помош продолжува. Тоа значи дека Германија прави многу добри дела за безбедноста на Украина и Европа. Дали би можела да направи повеќе?

Точно е дека за многу од нашите партнери низ светот и понатаму проблем останува извесен страв од „привидот“ на ескалација од страна на русија ― благодарение на кремљовската пропаганда, тие „привиди“ талкаат низ Европа, понекогаш продирајќи и во највисоките канцеларии.

Ние можеме да разбереме извесни елементи на претпазливост во политиките на нашите партнери, но се обидуваме аргументирано да ги убедиме да не се плашат од апсурдните закани што доаѓаат од русија ― кремљовските манијаци и убијци, кои ја разнишаа глобалната стабилност и ѝ се закануваат на Европа, треба да бидат изолирани и казнети.

„Таурусите“ се одлично оружје кое би можело да ѝ помогне на Украина, но сè додека лежи некаде на магацините, русите го продолжуваат својот ракетен тероризам, продолжуваат да ги напаѓаат украинските градови и да убиваат Украинци.

Точно е дека за многу од нашите партнери низ светот и понатаму проблем останува извесен страв од „привидот“ на ескалација од страна на русија ― благодарение на кремљовската пропаганда, тие „привиди“ талкаат низ Европа, понекогаш продирајќи и во највисоките канцеларии.

Генерал-мајор Вадим Скибицкиј

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се најважните особености на руската пропаганда во оваа фаза на војната? За што треба јавноста во демократскиот и слободен свет да биде свесна кога станува збор за руската воена пропаганда? Поточно, колку силна и колку штетна е воената пропаганда на агресорот во овој период, како во Западен Балкан, така и во Европа?

СКИБИЦИЈ: Пропагандата на кремљ секогаш игра на противречности, сомнежи, апелира на страв, се стреми да предизвика емоционална реакција со цел да подели, посее хаос, дезорганизира и да ја уништи волјата за отпор.

Главната цел на русите во Европа е да ја спречат, отежнат или прекинат воената поддршка за Украина. Оваа цел не се менува во текот на целата деценија на руско-украинската војна.

Тие ќе ви раскажуваат дека помошта за Украина не е исплатлива, дека продолжувањето на поддршката ќе предизвика ескалација од страна на русија.

Тие ќе ги дискредитираат оние ваши лидери кои со збор и дело ја поддржуваат праведната вооружена борба против агресорот – сите оние кои работат за добро на слободна и силна Европа.

Тие ќе ги користат слабостите на демократијата и понатаму ќе провоцираат поделби внатре во општествата, конфликти меѓу соседите, како што постојано го правеа тоа, вклучително и на Балканот.

Тие традиционално ќе се закануваат со нуклеарен уценувачки јазик и ќе викаат дека русија е „непобедлива“.

Сета оваа лага – веројатно најголемиот сапунски меур надуен од кремљ – пукна уште во првите месеци од целосната инвазија. Не велиме дека русија е слаба, но погледнете – прво се закануваа дека ќе го заземат „Кијив за три дена“, а сега ангажираат севернокорејски војници за да се борат во Курската област на русија.

Москва, која зборува за непобедливост, проси низ тоталитарни земји во потрага по оружје, муниција и платеници, додека истовремено го плаши светот со нуклеарна и друга пропаганда.

Затоа, важно е да им се спротивставиме консолидирано на руските агенти на влијание, на очигледните и прикриени пропагандисти на кремљ, на руските валкани пари насекаде, во секоја европска земја, за да не ја изгубиме единството и да не дозволиме слабост.

ЦИВИЛ МЕДИА: Путин му се закани на Западот со нуклеарното оружје. Во меѓувреме, севернокорејските војници се борат на европско тло против Украина. Иран продолжува да испраќа воена помош, јасно ставајќи се на страната на агресорот. Што е следно за Путин?

СКИБИЦИЈ: Сето наведено од ваша страна покажува на сложената ситуација за путиновата русија.

Повторно нагласувам – сега е важно да останеме на нашето, да не му дозволиме на владимир путин да верува дека може да распали крвава кланица во Европа и дека нему и на неговите поддржувачи за тоа ништо нема да им се случи.

важно е да им се спротивставиме консолидирано на руските агенти на влијание, на очигледните и прикриени пропагандисти на кремљ, на руските валкани пари насекаде, во секоја европска земја, за да не ја изгубиме единството и да не дозволиме слабост.

Генерал-мајор Вадим Скибицкиј

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се перспективите на борбата за слобода на Украина, по изборот на Доналд Трамп?

СКИБИЦИЈ: Ние ја забележуваме посветеноста и интересот на избраниот претседател на САД да ја стопира започнатата страшна војна од страна на русија.

Сигурен сум дека Доналд Трамп знае колку е важен факторот на сила во овој процес.

Ние се сеќаваме дека токму неговата администрација ни го даде првото американско смртоносно оружје — тоа беа ракетни системи Javelin. Со нив уништивме многу руски тенкови.

Украина секогаш ја ценела поддршката од двете партии во САД. Се надеваме дека лидерството на претседателот Трамп ќе помогне во постигнувањето на праведен мир.

Џабир Дерала

Tags: безбедностдезинформацииоружје со долг дострелразузнавањеруска агресијаУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ