• Latest

Николовски: „Не им држев политички говор, туку со учениците разговарав за националните интереси!„

March 15, 2017
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: „Не им држев политички говор, туку со учениците разговарав за националните интереси!„

March 15, 2017 16:50
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Кире Николоски за ЦИВИЛ Медиа тврди дека пред своите ученици не држел политички говор, туку во непосреден разговор, им ги предочил националните интереси. Тој смета дека во ниту еден момент, не ги пречекорил своите овластувања, ниту како директор, а особено не – како професор по историја.

„Откако 90 отсто од учениците заминаа на протестите на сите средношколци против ‘Тиранската платформа’, со тие што останаа, не повеќе од 20-мина, разговаравме за националните интереси на државата… Не држев говор, туку разговарав за националните интереси, им понудив да им одржам и час по историја. Им кажав дека не е добро да се уништат македонските национални интереси, да се спроведува ‘Тиранската платформа’, платформа на друга држава, која што предвидува воведување двојазичност на цела територија, менување на името, на химната, на знамето и осудување на партизаните кои ја создале Македонија, за геноцид. Не гледам каде сум ги пречекорил овластувањата“, изјави за Николоски за ЦИВИЛ Медиа.

Тој нема одговор, дали гимназијата ќе преземе мерки и ќе ги санкционира со неоправдан изостанок, учениците коишто ги напуштиле денеска часовите, и заминувале на протести.

„Ќе ги разгледаме околностите, немам засега одговор“, изјави директорот Николоски. Тој е еден од најистакнатите членови на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во градот. Но, ги отфрла сите обвинувања дека во рамки на својата педагошка работа, ги инволвира своите политички ставови.
„Ако пак ме прашувате политички, немам дилема, јас сум против која и да е политичка партија, која што ќе ја прифати Тиранската платформа“, категоричен е директорот Николоски.
Утрово граѓански новинар до ЦИВИЛ Медиа испрати видео материјал, снимен од еден од учениците, во кој се слуша разговорот меѓу директорот и учениците. Една од ученичките го прекорува директорот.

„Директоре уште поголем срам е во образовна институција, Вие да ни држите политички говори“, вели ученичката.

Зa прилепските социјалдемократи недозволиво е директори да повикуваат ученици да бојкотираат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и шири етничка и национална омраза.

„Тоа е кривично дело! Наместо да ги заштити учениците, директорот на прилепската гимназија ‘Мирче Ацев’, Кирил Николоски, лично ги повикувал учениците да учествуваат во протести, со кои се шири етничка и национална омраза, како што може да се види од видеото што излезе во јавноста, преку социјалните мрежи. Институциите се должни веднаш да ги санкционираат ваквите злоупотреби.Никој нема право да шири партиска пропаганда, да држи партиски говори и да манипулира со деца во образовните институции, за лични партиски и криминални цели“, стои во реакцијата на ОО на СДСМ од Прилеп, од каде потенцираат дека „демократските процеси во Македонија, водат кон формирање нова реформска влада, којашто ќе го врати достоинството на образовните институции и ќе спречи ваква скандалозна злоупотреба на ученици“.

По СДСМ, се огласи и прилепскиот Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Добро ќе беше да пуштевте соопштение кога средношколците штрајкуваа против екстерното тестирање со директна поддршка од вас и вашите функционери! За вас е грешно човек да си ја сака сопствената држава! Да си ја сака Македонија! Денеска, средношколците протестирале за Македонија, против двојазичност и федерализацијата на Села и Заев! Засрамете се и придружете им се на организаторите на протестите за Заедничка Македонија! Не дозволувајте други да ви ја продаваат гордоста и идентитетот! Бидете на браникот на татковината!“, повикуваа ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

Инаку, за време на протестите на Средношколскиот пленум, вратите од прилепската гимназија и сите други училишта во Прилеп беа затворани. Додека учениците реагираа затоа што „се спречувани да одат на протест“ против воведување на екстерно образование, директорите од училиштата ја убедуваа јавноста дека практика е да бидат вратите заклучени, зашто се води сметка за безбедноста на средношколците.

Tags: ВМРО-ДПМНЕгимназијадвојазичностдиректорекстерноНиколовскиПрилепСДСМСредношколски пленумУченицифедерализација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ