„За мултикултурализмот може да се говори или можеш да го живееш. Јас сум од оние вторите. Јас сум Македонец, Се сметам за голем Македонец на начин на којшто јас го доживувам тоа. Не знам многу албански јазик, ама го знам од кога сум бил мал. Мене мултикултурализмот ми е даден со раѓање. Без да знам што значело тогаш братство-единство, а не пак, едно општество за сите“, изјави новинарот Љубиша Николовски на конференцијата на ЦИВИЛ „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“.
„Прашање на лична определба е како ќе се доживее мултикултурализмот. Не е само теорија, мора да го имаш во себе. Имам една забелешка кога говориме за мултикултурализмот. Или доаѓа од страна на една етничка заедница која наметнува тема за мултукултура ил идоаѓа од заедница којаи ма проблеми. Тенденцијата за објаснување на мултикултурализмот, дека е збир од различности, ќе се види дека во покажувањето на разлиниот идентитет од другиот, бидејќи чувстуваме потреба да се самоидентификуваме, во време на напади од сите страни, дека ни се губи јазикот, сфаќаме дека имаме повеќе сличности, отколку што имаме различности“, додаде Николовски.
„Мислам дека треба да го развиваме индивидуализмот, да познаваме што повеќе луѓе од друга етничка заедница, и ќе видиме колку сме слични. Исплашените луѓе сакаат да припаќаат на колектив“; истакна Николовски.
Б. Ј.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети