ОИК Дојран ги соопшти резултатите и за референдумското прашање за тоа дали да продолжи изградбата на рудникот Казандол: граѓанките и граѓаните на општина Дојран, исто така, рекоа – НЕ.
Од 1.407 гласачи кои го искористија своето право денеска, 1.336 се изјасниле против Казандол (94,95%), 51 гласач се изјаснил во корист на Казандол (3,62%), а неважечки ливчиња имало 20.
ЦИВИЛ – Центар за слобода им честита на Општина Дојран, иницијативата „Спас за Дојран“ и на ОИК Дојран, за добро спроведениот референдумски процес.
Во текот на референдумот, ЦИВИЛ нотира и извесни притисоци кои доаѓаа од политички и бизнис-центри на моќ, а беа против успехот на референдумот и во оваа општина.