• Latest

Нема услови за слободни избори, но нема простор за одлагање!

November 22, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нема услови за слободни избори, но нема простор за одлагање!

November 22, 2016 18:45
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната конференција на тема „Слободни избори 2016“, која ја организираше ЦИВИЛ-Центар за слобода, од експертите и претставниците на политичките партии, во два иполчасовната дебата, беа изнесени бројни примери за неподготвеноста на ДИК за фер и слободни избори, за злоупотребите на јавните ресурси и на моќта, поради партизацијата на државата и на институциите на системот, за неопходноста од надминување на долгогодишната криза, преку почитување на волјата на граѓаните…

Во присуство на лидери и репрезенти на политички партии и коалиции, учесници на предвремените парламентарни избори, на претставници на невладиниот сектор и на медиумите, германската амбасадорка, д-р Кристине Алтхаузер, која ја отвори конференцијата, порача дека Македонија треба да се врати на вистинскиот пат.

img_7137

„Многу е важно државата да се врати на вистинскиот пат. Секогаш се потребни две страни, за размена, дебата, дискурс, дискусија, како ферментирачка дискусија на доброто општество“, рече германската амбасадорка Алтхаузер, на почетокот на двоиполчасовната плодна дебата фокусирана на претстојните избори, закажани за 11 декември.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала посочи дека од јуни минатата година, 300 набљудувачи на организацијата, будно ја следат состојбата во Македонија.

„Работата на ДИК не го даде очекуваниот резултат, наспроти зајакнатите ресурси. Граѓанките и граѓаните не стекнаа доволно доверба во Избирачкиот список. ‘Фантомите’ не си заминаа и за тоа сведочат стотици случаи. Од 10-ти ноември, кога објавивме дека имаме над 200 случаи, имаме над 100 нови пријави за исто толку случаи на ‘фантоми’, зашто граѓаните, немајќи каде да реагираат, се јавуваат во ЦИВИЛ. Продолжува злоупотребата на јавните ресурси, на моќта… И натаму не постои поделба меѓу партијата и државата. За сите овие злоупотреби, ЦИВИЛ располага со докази, мејлови, скриншотови, зашто сознанијата не ги темели на обични озборувања на тротоарите, туку на реалност со факти и бројки“, посочи Дерала, кој беше модератор ја конференцијата.

img_7246

Со свои ставови, на конференцијата учествуваа експертите на ЦИВИЛ, Сандра Гавриловска и Александар Новакоски и преку видео-изјава, д-р Сашо Орданоски.

Во рамки на конференцијата, свои излагања имаа Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз, Ивон Величковски од ЛП, лидерот на Унитети, Гзим Острени, како претставник и на Алијанса на Албанците, Мила Царовска од СДСМ, Лилјана Поповска од ДОМ, Самка Ибраимоски од Партијата за целосна еманципација на Ромите и Глигор Стојменов од Коалиција за промени и правда.

М. Талеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: д-р Кристине Алтхаузерекспертиизбориконференцијаполитички партииЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result