• Latest

НМХТ: На 17 мај 2015 знамето со виножито за првпат гордо се вееше на политички настан во Македонија!

April 8, 2016

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

НМХТ: На 17 мај 2015 знамето со виножито за првпат гордо се вееше на политички настан во Македонија!

April 8, 2016 16:54
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата  – НМХТ денеска го одржа Третото редовно собрание, на кое беше презентиран Извештајот за работењето на мрежата за 2015-та година, на кое  се поведе разговор за изработка на годишен план на активности, а се дискутираше и за предлог промени на Етичкиот кодекс и Статутот на националната мрежа.

Дел од фокусот на состанокот беше посветен на проширување на мрежата на поддржувачи. Драгана Дрндаревска од ХОПС ги повика граѓаните и граѓанките на Македонија да земат активно учество во поддршка на ЛГБТ заедницата преку приклучување во мрежата на активисти: „Ние имаме голема мрежа на поддржувачи, но сме отворени за сите кои ќе сакаат да соработуваат со националната мрежа, тие индивидуи или организации, можат да ни испратат мејл на dragana.coalition@gmail.com, во кој изразуваат интерес за активностите на мрежата  и на тој начин да придонесат во заштитата на правата на ЛГБТ заедницата во Македонија.“

dbd83e48-c13d-4092-949b-84d6a8fbc202

Мисијата на НМХТ е унапредување на правниот систем кој ќе овозможи почитување и заштита на основните човекови права на сексуалните и родовите малцински групи. НМХТ ќе се посвети на развивање на субкултурни практики и вредности на сексуалните и родовите малцинства и нивно мобилизирање за политичка борба за сексуална и родова еднаквост.

Во однос на изминатите активности на НМХТ, Биљана Гиновска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, изјави дека навистина се гордеат што беа дел од големите протести на 17-ти мај 2015-та: „На тие протести имавме знаме со виножито, кое за првпат, гордо се вееше на политички настан. Имавме организации со различни идеологии тој ден, но не дозволивме тоа да не разедини како мрежа. Тоа е само доказ дека без разлика на политиката во државата ние стоиме цврсто во одбрана на правата на ЛГБТ заедницата“

Во Националната мрежа учествуваат повеќе организации кои се борат за човекови права меѓу кои и ХОПС, Хелсиншки комитет за човекови права, МОФ, Цивил – Центар за слобода…

 

Tags: ЛГБТ заедницаСобраниеХелсиншкиот комитетХОПСЦивил – Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ