• Latest

Норвешка на Самитот на НАТО ќе поддржи покана за Македонија

June 27, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Норвешка на Самитот на НАТО ќе поддржи покана за Македонија

June 27, 2018 15:14
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Норвешка силно го поддржува членството на Македонија во НАТО, а потврда за недвосмислената поддршка е и одлуката со која норвешката влада ја поддржа поканата за Македонија за членство во НАТО, истакнаа денеска министрите за одбрана на Македонија и Норвешка, Радмила Шекеринска и Франк Баке-Јенсен, на средбата во Осло.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, на средбата министрите заклучија дека донесените храбри одлуки и го отвораат патот на Македонија да ја добие долгогочекуваната и заслужена покана за членство во Алијансата.

– Беше потребно визионерство и лидерство да се реши повеќедеценискиот спор со Грција. Ова решение е и стратешки чекор за двете земји. Балканот покажа дека не само што не предизвикува проблеми, туку може да биде и модел за решавање на европските проблеми и предизвици. Тоа не може да се каже многу често. Сега Македонија очекува силна валоризација на сето она што е направено, преку покана за членство во Алијансата и почеток на преговори со Европската Унија, рече Шекеринска на средбата.

Министерката истакна дека придвижувањето на евроатлантските интегративни процеси за Македонија ќе значат зацврстување на стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот Балкан, што е предуслов и за безбедна Европа.

Во соопштението на МО се наведува дека норвешкиот министер Франк Баке Јенсен го поздравил позитивниот развој на настаните околу спорот со името меѓу Македонија и Грција.

– Ова е поттик за трансформацијата и за стабилноста за целиот регион. Нашата поддршка за членството на Македонија во НАТО е недвосмислена, посочил Јенсен и ја информирал Шекеринска дека на претстојниот Самит на НАТО во Брисел, Норвешка ќе одговори позитивно за поканата за прием на Македонија во Алијансата.

За време на посетата, министерката се сретна со државниот секретар во норвешката Влада, Ингвилд Нес Стуб, со државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Аудин Халворсен и со претседателот на парламентарната комисија за надворешни работи и одбрана,  Аникен Хуитфелд.

На средбите, како што информираат од МО, министерката се осврнала на исклучително позитивниот развој на односите во Македонија, посветеноста на демократизација на општеството и прагматичниот пристап кон решавање на отворените прашања помеѓу соседите. (MИА)

Tags: МакедонијаНАТОНорвешкаподдржи поканаРадмила ШекеринскаСамитот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ