• Latest

Нова рунда преговори за името во Виена

March 30, 2018
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нова рунда преговори за името во Виена

March 30, 2018 08:57
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нова рунда преговори за спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се одржи денеска во Виена каде што шефовите на дипломатиите на двете држави Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе имаат средба со медијаторот Метју Нимиц. 

Димитров и Коѕијас, во пресрет на средбата со посредникот на ОН,  како и минатиот пат, разговорите ги почнаа со неформална работна вечера. Тие претходно повторија дека сакаат да се најде компромис и конечно да се реши спорот.

Позицијата на Грција е сложено име со географска одредница, за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав.

Македонската страна останува на ставот дека слеано име не е најдостоинственото решение, особено не непреведено и секако прашањето да се реши преку меѓународен договор, а не со промена на највисокиот правен акт на државата.

Пред средбата во Виена грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека посакува другата страна да има сила да донесе тешки, но неопходни одлуки.

– Не значи дека влегуваме во преговорите за да постигнеме какво било решение. Преговараме со чувство на одговорност и со цел да постигнеме решение што ќе ги гарантира нашата историја и нашето културно наследство, а во исто време ќе исклучува секаков вид на иредентизам од другата страна, рече вчера грчкиот премиер.

Професорот на Универзитетот Македонија  од  Солун Јоргос Христидис во интервју за МИА оцени дека е најважно што постои политичка волја и од двете страни, но оти преговарачкиот процес би можел да трае подолго од првичните проценки, бидејќи, како што рече, се покажа дека постојат разлики во позициите на Македонија и Грција.

– Мислам дека она што произлегува од изминатите денови е дека преговарачкиот процес може да трае подолго. Постоеше надеж дека може ќе се завршеше во средината на април, за веднаш да почне процесот за интеграција на ПЈРМ во НАТО. Ова, на крај можеби и да не е изводливо и веројатно работите покажуваат дека преговарачкиот процес ќе продолжи и по април во еден обид да се постигне договор. Секако, факт е дека колку поминува времето, знаете постои и внатрешната сцена и во двете земји, времето не им оди во прилог на преговорите, ова мислам дека е нешто за кое повеќето се согласуваат, а според тоа, тоа е еден параметар што треба да загрижува, рече Христидис.

Според ставот на официјална Атина што неодамна го изнесе Коѕијас, името треба да биде сложено со географска одредница, со придавка и да разграничува дека не станува збор за грчката Македонија и да не содржи иредентистички елементи.

– Треба да најдеме сложено име што ќе ја изразува посебноста и географската позиција на оваа држава, а во исто време нема да навредува ниту една од двете страни, изјави Коѕијас.

Како што потенцираше, пак, шефот на македонската дипломатија  Димитров, географската одредница е прифатлива, но за дистинкција од територијата во Грција, а не за обезличување на македонскиот јазик, народот и државата. За македонската страна, повтори, неприфатливо е слеано пишување на одредницата со името Македонија, а исто така е неприфатливо и име без превод.

– Македонците мора да бидат Македонци, кои го зборуваат македонскиот јазик, порача Димитров, кој вели дека од Виена нема очекувања, туку надеж.

Тој најави дека по средбата во Виена Владата ќе го свика државниот врв и лидерите на најголемите партии на лидерска средба.

За текот на преговорите за името по средбата во Виена, како што објавија грчките медиуми, следната седмица министерот за надворешни работи на Грција ќе ги извести претседателите на грчките политички партии.


Извор: МИА

Tags: ВиенаГрцијаимеМакедонијаПреговори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ