• Latest

Новата ЕУ и брзините на Макрон – секој на столчето што самиот си го заработил

August 30, 2023

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ПО ДОПРЕН ГЛАС

Новата ЕУ и брзините на Макрон – секој на столчето што самиот си го заработил

August 30, 2023 07:55
in ПО ДОПРЕН ГЛАС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН ИВАНОВ

Многу конфузии во толкувањата на деновиве актуелната медиумска тема во врска со проширувањата и нужната и одамна најавувана ЕУ реформа а, кажано во една реченица, сублиматот би бил многу едноставен зашто сé се сведува на фактот дека ЕУ, секако под силното влијание и на САД, прво, останува отворена за прием на нови членки но, второ, во истовреме е соочена и со потребата од сопствена радикална организациска реформа чии контури упатуваат на фактот дека на најмоќните ЕУ членки, на оние кои доминантно го полнат европскиот буџет, веќе им пука филмот и дека повеќе нема да толерираат помалку моќните да се мангупираат со разно разни хирови злупотребувајќи го принципот на консезус и, ете, и поради тие причини, првичните ЕУ реформски сигнали се во насока на неколку, како што ги именуваше и самиот Макрон, “брзини” кои неминовно би биле детерминирани од БДП на секоја земја членка па реално е да се очекува дека во првата “брзина” ќе се вкотват економски најмоќните, оние држави кои и сега се ЕУ локомотивата и дека натаму, по нив, како вагони ќе се редат сегашните и потенцијалните ЕУ членки според нивните актуелни финансиски можности и со редуцирано или воопшто без право на глас каде што, во оваа наша развојна епоха, би биле и ние и нам сличната европска економска и демократска боранија на која, природно, ќе ни биде и ќе им биде елиминирана можноста за уцени со сегашната ЕУ алатка именувана како “консензус” па, оттука, контурите на новата ЕУ уште отсега се сосема јасно нацртани во навестената ЕУ реформа со спомнатите прва, втора, трета брзина или, преведено, во новата ЕУ секоја земја членка ќе има моќ на одлучување толку колку што и‘ дозволува столчето кое, според сопствените демократски капацитети и согласно својата економска моќ, си го заработила таа самата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ