Руското Министерство за одбрана ја објави нивната сегашна цел на тековната војна во Украина: целосна контрола на Донбас и јужна Украина, вклучувајќи го и копнениот коридор кон Крим и Придњестровје, објави весникот „Комерсант“, цитирајќи го заменик-командантот на Централниот воен округ Рустам Минекаев, пренесува „Укринформ“.
„Од почетокот на втората фаза од специјалната операција, која започна пред само два дена, една од задачите на руската армија е да воспостави целосна контрола над Донбас и јужна Украина. Ова ќе обезбеди копнен коридор до Крим, како и ќе влијае на виталните објекти на украинската економија“, рече Минекаев на годишниот состанок на Унијата на одбранбени претпријатија од областа Свердловск.
Тој, исто така, додаде дека контролата врз југот на Украина може да ѝ даде на Русија уште еден пат кон Придњестровје, каде што наводно се евидентирани „фактите за угнетување на населението што зборува руски“.
Подготви: Д.МИшев