• Latest

Ново покачување на пензиите од 6% и Закон за минимална пензија

August 21, 2023
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Ново покачување на пензиите од 6% и Закон за минимална пензија

August 21, 2023 10:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По најголемото покачување на пензиите досега и донесената методологија за пресметка на пензиите согласно трошоците за живот и растот на просечната плата, Владата ќе предложи и закон за минимална пензија, најави премиерот Ковачевски во синоќешното интервју на ТВ Сител.

„Финално ќе биде закон за минимална пензија, да секој пензионер знае колку е минималната пензија и да таа може да расте согласно одредени критериуми секоја година. Исто како што пензиите растат секоја година, половина зависно од зголемувањето на трошоците за живот и половина зависно од зголемувањето на просечната плата. Исто и минималната плата расте на таков начин и на таков начин ги определивме и финансиските помошти за поддршка на инвестициите”, рече премиерот Ковачевски.

„Она што го направивме на последната седница на Владата врз основа на разговор и со оние пензионери кои протестираат, без разлика што се политички мотивирани, не навлегувам во тоа, тој што излегол на протест има мака и тоа мора да се разговара на таа тема – низ разговор и со нив и со претседателката и раководството на Сојузот на здруженија на пензионери, веќе формиравме работна група на највисоко ниво со Министерството за труд и социјална политика, вицепремиерот за економски прашања, Министерството за финансии, каде што ќе се отвори дебата и дискусија за правење закон за минимална пензија”, соопшти премиерот.

Претседателот на Владата, посочи на досегашните владини решенија со коишто е постигнат најголем раст на пензиите досега.

„Јас имам респект кон сите во државата – и работниците и пензионерите – и тоа сум го покажал на дело. И ако погледнете од првиот ден на мојот мандат и на оваа Влада и министерката Тренчевска, ние имаме 26-процентно зголемување на пензиите во државата. 26 проценти никогаш немало зголемување. Вие се сеќавате на времињата кога пензиите беа 8.000 денари. А 570 денари добиваа пред избори. Сега имаме нов модел на усогласување на пензиите, врз основа на кој стигнавме до 26 проценти, сега ќе имаме ново 6-процентно зголемување на пензиите. Пензиите беа 9.000 денари. Минималната пензија беше 9.000 денари кога јас дојдов за премиер, сега ќе стане 13.000 денари. Јас ги разбирам сите барања на пензионерите. Исто ги разбирав на работниците. Затоа минималната плата која што беше 8.000 денари сега е 21.000 денари и ќе порасне идната година”, рече премерот Ковачевски.

Претседателот на Владата ја нагласи грижата за пензионерите и за време на пандемијата кога секој пензионер добиваше 3 месеци по 1.000 денари и во рамки на пакетот антикризни мерки од 760 милиони евра, кога пензионерите со најниски пензии, до нивото на минимална плата добиваа од 750 до 1.500 денари месечно во тек на 4 месеци како поддршка.

Во однос на пензиите и управувањето со Фондот, премиерот рече дека постојат Методологија, Закон и Устав, а околу барањето за линеарно зголемување посочи на изјаснување од страна на Уставниот суд.

Tags: Ковачевскипензии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ