• Latest
Тензиии на северот на Косово поради новите градоначалници/Фото: МИА

Новоизбраните градоначалници на општините во Северно Косово со полиција и инциденти влегоа во општините

May 26, 2023
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Новоизбраните градоначалници на општините во Северно Косово со полиција и инциденти влегоа во општините

May 26, 2023 19:43
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Тензиии на северот на Косово поради новите градоначалници/Фото: МИА

Тензиии на северот на Косово поради новите градоначалници/Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во тензична ситуација градоначалниците на општините Зубин Поток – Измир Зеќири, на Звечан – Илир Пеци и на Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми попладнево влегоа во своите кабинети и стапија на должност, пренесува МИА.

Ситуацијата во моментов е релативно мирна, но тензична со масовно присуство на косовската полиција и нејзини возила, и не се исклучуваат уште инциденти

Групи граѓани во утринските часови се собраа пред зградите на институциите во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, за да ги спречат градоначалниците од албанска националност да влезат во општините и да стапат на должност, како што беше претходно најавено и планирано. Тие победија на априлските избори, кои беа масовно бојкотирани од Србите.

Десетици припадници на косовската специјална полиција со џипови потоа пристигнаа до зградите на локалната самоуправа во Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, и со солзавец и шок бомби ги растераа Србите, вработени во тие општини, кои се собраа пред влезовите на општинските згради. Во Звечан наводно се слушнале и истрели, а запалено е и полициско возило.

Акцијата ја потврди и косовската полиција.

 Согласно службената должност, денеска косовската полиција им помага на градоначалниците на северните општини Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток да го остварат своето право на работа, во службените објекти на соодветните општини, се вели во официјалното соопштение на косовската полиција.

Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, кусо по почетокот на инцидентите потпиша наредба за подигање на борбената готовност на единиците на српските вооружени сили на највисоко ниво и им нареди итно да тргнат на административна линија со Косово и Метохија, соопшти министерот за одбрана Милош Вучевиќ.

Претставници на болницата во Косовска Митровица потврдија дека во конфликтот меѓу специјалните сили на полицијата и насобраните граѓани биле повредени десетина лица.

Владата на Косово неколку часа претходно ги известила земјите од Квинтата за намерата со помош на полицијата да влезе во општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. За споменатата акција, според Албаниан пост, не добиле согласност од САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија. Но, и покрај тоа, косовските институции решија да продолжат со планот, пишува albanianpost.com.

Амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер, ја осуди постапката на косовските власти и повика на итен прекин.

САД ја осудуваат акцијата на косовските власти да пристапат до општинските згради на северот на Косово. Таа насилна мерка мора веднаш да престане, напиша на Твитер Ховениер.

Премиерот на Косово, Албин Курти најави дека подоцна денеска ќе зборува за настаните на северот на Косово, односно за интервенцијата на косовската полиција во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

За време на неговата посета на Косовската академија за јавна безбедност во Вучитрн, Курти одби да одговори на новинарски прашања за настаните во северно Косово.

Сè уште не е ништо соопштено за евентуална прес-конференција на која Курти ќе одговара на новинарски прашања за оваа тема.

Tags: градоначалнициинцидентиСеверно Косово
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ