ЦИВИЛ – Центар за слобода, денеска со почеток во 13 часот во Клубот на новинари ќе одржи панел-дискусија „(НЕ)Слободни медиуми во Македонија“.
Учесници на панел-дискусијата се Атанас Кировски, директор и главен уредник на Телма телевизија, Зоран Димитровски, одговорен уредник на неделникот „Фокус“ и Синиша Станковиќ, ЦИВИЛ Медиа.
Панел дискусијата е дел од проектот на ЦИВИЛ – „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.