• Latest

Нулта толеранција кон корупцијата им вети Владата на граѓанските организации

July 6, 2018
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нулта толеранција кон корупцијата им вети Владата на граѓанските организации

July 6, 2018 14:12
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нулта толеранција кон корупцијата, преземање мерки за справување со оваа појава и нејзино искоренување од сите сфери на живеењето, преземање заеднички мерки, акции меѓу сите чинители на ниво на власт, но и во тесна соработка со невладиниот сектор ветија претставниците на Владата, на денешната втора од најавените редовни Отворени денови на Владата со Граѓанските организации.

На вториот Отворен ден насловен „Борба против корупција“ се дискутираа иницијативи поднесени од страна на граѓанските организации, а на темата говореа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменик министерот за правда Оливер Ристовски, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за култура Асаф Адеми и министер задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

– Сите сме сведоци за димензиите кои корупцијата ги зазеде и последиците кои ги причини во општеството изминатиот период и затоа денес имаме многу предизвици со кои треба да се справиме, нагласи Спасовски.

Порача дека корупцијата и нејзината општествена деструктивност мора да бидат спречени и вети бескомпромисно соочување со корупцијата во сите нејзини облици.

За тоа, додаде Спасовски е потребен институционален и граѓански ангажман, нивна меѓусебна соработка и отворање дебати од кои треба да се употреби секоја добра идеја.

Заменик-министерот за правда Ристовски истакна дека во текот на изминатата година Министерството никогаш не било поотворено и потранспаретно во соработка со ГО, особено во однос на изминатите десет и повеќе години.

Додаде дека невладиниот сектор ативно учествувал во носењето на сите законски проекти и неговите забелешки биле вметнати во сетот закони за правосудството.

– Тука најважен е Законот за укажувачи. Со последните измени во февруари 2018 тој се комплетира. Упатуваме апел до сите лица, кои можат да укажат на моменти на коурпција и тоа да го сторат без да се грижат со својот инрегритет, порача Ристовски.

Министерот за здравство Венко Филипче, нагласувајќи дека коруцијата е закана за основните човеки права и слободи, која има штетно влијание врз социо-економскиот развој на земјата и животот на граѓаните, напомена дека Министерството заедно со Владата и во партнерство со ГО и здруженијата на пациенти работи напорно во борба против овој феномен. Додаде дека ефективната борба против корупцијата бара специфични, но добро насочени мерки.

– Свесни сме дека корупцијата не може да се искорени преку ноќ, напротив борбата против корупцијата е чекор по чекор, проект по проект, еден многу долготраен процес. Министерството за здравство има план за борба против корупцијата, во овој момент ги разгледуваме можните решенија за да им обезбедиме дополнителна работа на докторите, односно остварување на нивното право за дополнителен приход, вели тој и нагласи дека од септември ќе бидат зголемени и платите на здравствените работници.

Министерот за образование Арбер Адеми нагласи дека дефакто образованието е една од сферите, која најчесто се поврзува со сторени или индиции за сторени коруптивни активности од оние кои даваат и овозможуваат образовни услуги во сите нивоа на образованието.

– Ставот на актуелната Влада е јасен – нулта толеранција кон корупцијата и сите нејзини облици, рече Адеми и додаде дека имформирањето за облиците на корупција и нивното препознавање од страна на учениците од најрана возраст е најдобриот начин да се превенира оваа појава.

– Познатиот антички филозоф Хералкит вели дека луѓето треба да се борат за законите, како што се борат за ѕидините на својот град. Борбата за државата е борба за законите, ако не се изборите за законите ја губите државата. Корупцијата ја напаѓа државата и од внатре и од надвор и се стреми да ја дестабилизира, им порача на присутните министерот за култура Асаф Адеми.

Нагласи дека за процесот на справување со корупцијата е непоходна поддршката од граѓаните.

Се осврна на негативните појави кои во измимнатите 11 години се случувале во Министерството за култура, кое било препознавано како едно од најкорумпираните, особено преку проектот Скопје 2014, кој сега е предмет на истрага на СЈО.

– Злоупоптребата на службена должност, прекршување и забиколување закони за различни форми на непотизам, притисоци се главни форми преку кој беше реализиран овој проект, нагласи тој и додаде дека постојат основани сомневања дека вакви незаконски дејности се вршеле и во капитални проекти на издаваштвото.

На денешниот втор Отворен ден на Владата на РМ со ГО, во дебатата учествуваат голем број претставници на граѓанското општество со свои предлози и сугестии за одредени политики како и за начинот на кој понатаму треба да се остварува оваа соработка.

Tags: владаКорупцијаневладини организациинулта толеранцијаОтворени денови
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ