• Latest

НВО и претставниците на рудниците остро спротивставени

December 21, 2017

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

НВО и претставниците на рудниците остро спротивставени

December 21, 2017 17:51
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претставниците на рудниците и на невладините организации и здруженија кои се против отворање нови рудници во земјава мора да седнат заедно и да ги спротистават аргументите што ги имаат, порача Николајчо Николов, претседателот на Македонската асоцијација на рударството (МАР) при Стопанската комора на Македонија на денешната седница на која се расправаше за актуелните состојби во рударството.

Тој посочи дека на седницата биле поканети и невладините организации од југоисточна Македонија за, како што рече, заеднички да ги разгледаат проблемите кои тие ги гледаат во рударскиот сектор, но ниту еден не се појавил.

„Сакавме да размениме мислења и да се договориме за понатамошна стратегија, но за жал, не се појави ниту еден претставник од невладините организации. Жалам, зашто сите проблеми се решаваат на маса, а не на улица. Сметаме дека рудници треба да има и се залагаме да ги исполнуваат сите услови согласно македонските закони и европските директиви. Ние максимално се вложуваме да ја подобриме животната средина и такви резултати постигнуваме“, рече Николов.

Нагласи дека невладините организации биле поканети да го посетат и рудникот Бучим и за тоа им бил обебеден бесплатен превоз, но и таму не дошле.

„Од страна на невладините организации се употребуваат многу негативни поими за рудниците. Ние сме за дијалог и подготвени сме да седнеме со нив и да разговараме со аргументи.  Ќе побараме помош од Владата да направат состанок со МАР и невладините организации за да видиме дали е точно тоа што го зборуваат невладините или  ние или, пак, вистината е на средината“, посочи Николов и нагласи дека не може невладините организации да делуваат  одделно и на улица, а да не се сретнат со претставниците на рудниците на организирани состаноци.

Ставот на невладините организации дека генерално се против рудници, како што кажа, праќа негативни сигнали кон инвеститорите, а тоа ќе се почувствува во наредниот период.

Потпретседателот на МАР Шефки Алити порача дека рудниците само ќе помогнат да се развие земјоделството и економијата во југоисточна Македонија.

„Во Македонија за минирање се користи шведската метода „Нонел“ која не предизвикува никаква штета за околината и може да се користи и доколку куќите се на 200 метра од експлозијата. На луѓето треба да им се докаже дека не предизвикува никаква штета и оти рудниците се добивка за регионот и за целата економија на земјава“, рече Алити.

Даниела Бомбол од фирмата за геолошки истражувања „Резервоар минералс Македонија“ рече дека е жалосно што цела една гранка се обвинува за нарушувањето на здравјето на луѓето и деградација на животната средина.

„Жалосно е што геолошките истражувања се ставени во ист кош со рудниците. Во геолошките истражувања не се користат никакви хемикалии со кои би се нарушило здравјето на луѓето и воопшто не се прави деградација на животната средина“, рече Бомбол.

Горан Серафимов, претседателот на Здружението на рударски и геолошки инженери посочи дека сите невладини организации кои се против отворање рудници досега не донеле ниту еден факт и доказ или пишан документ дека загадуваат или прават било какво влијание надвор од законските прописи во земава сите моментално активни рудници и оние кои се во изградба или допрва ќе се градат.

„Истите закони кои важат во Европската унија, важат и кај нас. Истите рудници што фукцинираат во Македонија работат и во ЕУ и го користат принципот на хидрометалургија“, рече Серафимов и додаде дека во Европа се копа повеќе од 10 отсто од бакарната руда во светот и се производува 18 проценти од бакраниот концентрат.

Претставникот на Сардич МЦ Генадиј Сичов повтори дека заштита на животната средина е главен приоритет на нивната компанија и додаде дека со целосна одговорност тврди оти рудникот Казандол нема да доведе до никакви негативни влијанија и последици по животната средина, а тоа, како што кажа, го потврдуваат и сите добиени дозволиод институциите во земјава. Посочи дека веќе инвестирале 35 милиони евра во земјава за имплементација на најдобрите и најсовремени производни технологи и практики создадени во финската компанија „Оутотек“, која доаѓа од земјата со најстроги норми за заштита на животната средина во светот.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

фото: архива на ЦИВИЛ

Tags: МАРНВОруднициСардичСтопанска комора
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ