• Latest

(Не)возбудливо во Чаир пред гласање

November 8, 2017
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(Не)возбудливо во Чаир пред гласање

November 8, 2017 16:32
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Облачно време, ситен дожд, калливи и искршени улички, паднати лисја по улиците, гужва во сообраќајот…, ваква е атмосферата во Чаир на само четири дена до одржување на третиот круг на гласање за локални избори. Битката за градоначалник се води помеѓу кандидатите  Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибрахими од Беса.

Екипата на ЦИВИЛ беше во едно од чаирските маала и неколку часа се дружеше со граѓан(к)ите кои во недела, на 12 ноември, ќе одлучуваат кој ќе биде градоначалник на Чаир во следните 4 години. Во близина на основното училиште „Иднина“, на избирачкото место 2901, покрај неколкуте чајџилници, се наоѓа и едно кафуле кое важи за збирно место на активистите и симпатизерите на ДУИ. Во чајџилниците е мирно и не се разговара за политика: „Кој сака да зборува и да ја промовира политичка агенда нека оди во политичките штабови“, велат неколкумина чаирчани со кои разговаравме.

Освен неколку постери на Зекирија Ибрахими, не забележавме штабови на ДУИ и Беса. Инаку во Чаир,  партиските обележја се уште стојат на штабовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, коишто се наоѓаат во непосредна близина еден до друг.

Во тоа маало живеат луѓе од сите етнички заедници, и во разговор со еден од жителите, го дознавме и следново: „Oколу 400 Македонци имаат право на глас, во овој случај тие имаат одлучувачка улога да одберат кој ќе биде татко на општината“.

Интересно е што во тоа маало има две џамии, во едната одат верниците на ДУИ, а во другата џамија одат верниците на Беса. „Политиката е навлезена дури и во религијата, верниците се делат според партиска книшка!“, велат чаирчани.

На партиските активисти им останаа уште два дена да ги убедат гласачите да гласаат за нивниот кандидат, бидејќи во петок на полноќ настапува изборниот молк. Во претходните два изборни круга, ЦИВИЛ регистрираше низа на прекршувања. Во недела, на 12 ноември, екипата на ЦИВИЛ, третиот круг од локалните избори во Чаир, ќе го набљудува од чајџилница којашто се наоѓа во близина на избирачкото место во О.У. „Иднина“.

Дехран Муратов

Tags: БесаВисар ГаниуДУИЗекирија Ибрахимилокални изборитрет кругЦивилЧаирчајџилница
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ