УТРИНСКИ КОЛУМНИ
„ Она што ги обединува е омразата кон Заев. Повеќе одошто се мразат меѓу себе. Ни МАНУ не успеа да ги обедини како што треба, иако многу електро-инженерски (а и машински) труд се инвестираше во таа високонапонска релативизација. Само Заев го мразат здружено, како попови кои мрсат во петок “, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Во „новата иднина“ со најстарите закани”.
Секогаш благиот и помирлив Заев го посоветува прилепскиот арамбаша да си посети психијатар. Веројатно, истиот совет ќе му го дадеше и на шефчето на онаа будалетинка.
Да беше баба ми во близина, таа будала со цигарата во рацете, немаше да помине со таков благ совет. Баба ми сигурно ќе проценеше дека таа будалетинка и неговите посрани придружнички и придружници ги поминале границите во кои може да им се помогне со благ совет, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „Суртуци пред Могилата на непобедените“.
ИЗБОРЕН РАПОРТ: „Изборен рапорт“ #14, ЦИВИЛ ќе го емитува денеска (вторник, 12 октомври), во 11:30 часот. „Изборен рапорт“ со најновите информации од изборниот мониторинг се емитува во живо, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
ОБУКИ Во среда, организацијата ќе организира онлајн обука за изборните набљудувачи. Сите членови, поддржувачи, соработници и набљудувачи на ЦИВИЛ се повикуваат редовно да ги следат рубриките АКЦИЈА, ИЗБОРИ, МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
Изборни активности на караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ меѓу граѓаните во Кратово и Ранковце, а на централниот настан во Крива Паланка ќе се обратат лидерот на СДСМ Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Сашко Митовски.
Во рамки на вториот караван на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ ќе се обратат секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ и кандидатот за градоначалник Александар Филиповски во Аеродром.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Скопје на плоштад „Филхармонија“.
Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје Петар Георгиевски Камиказа ќе одржи митинг во Скопје
Прес-конференција на Твоја партија пред седиштето на партијата.
Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП во Ѓорче Петров.
Изборни активности на Движењето Беса во Желино.
Онлајн трибина на тема: „Инклузија на младите во локалните политики“ организирана од Движењето Одлучно за промени на платформата ZOOM.
НАСТАНИ
ИНВЕСТИЦИЈА: Премиерот Зоран Заев, заедно со Андреа Бјорн Шолет, овластен претставник за германската компанија WPD, како и германската амбасадорка Анке Холтајн, ќе одржат прес-конференција за стратешкиот инвестициски проект, изградба на 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра.
ПРОЕКТ: Министерката за образование и наука, Мила Царовска ќе се обратни на завршниот настан „Регионалниот проект Училиштата се среќаваат со компаниите“ во Скопје, во х. „Александар Палас.
ОБРАЗОВАНИЕ: : Доделување пофалници и пригодни награди на најдобро дипломираните студенти за учебните 2018/2019 и 2019/2020 година, а на а редовните студенти од завршниот семестар во прв циклус студии кои покажуваат особени резултати во студиите, со просечен успех остварен во текот на студирањето од најмалку 8,00 од Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за драмски уметности за учебната 2019/2020 година ќе им биде врачена наградата „26 Јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија, пред платото на Ректоратот на УКИМ.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев