Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во северните и централните делови, каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м2. Ќе дувам умрен до засилен северозападен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури.
Утринската температура ќе се движи од четири до 13, а дневната од 11 до 18 степени.
Во Скопје слично време, облачно со врнежи од дожд, а ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 14 степени.
За време на Велигденските празници времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло. Во понеделник ноќта кон вторник ќе има услови за краткотраен локален дожд.
Извор: МИА