• Latest

Обвинителство: Доживотен затвор за обвинетите во „Диво Насеље“!

July 20, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Обвинителство: Доживотен затвор за обвинетите во „Диво Насеље“!

July 20, 2017 15:52
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со големо полициско обезбедување пред судот, додека Скопје го надлетуваа хеликоптери, денеска, во салата на Врховниот суд, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ги изнесе завршните зборови за случајот „Диво Насеље“ во мај 2015, кога загинаа осум, а беа ранети над 40 полицајци.  

Додека обвинителот Наум Пановски презентираше делови од обвинителниот акт, Насуф Бекири, еден од обвинетите за случајот, стана и му се обрати на Пановски со зборовите: „Сакам да излезам надвор, не можам да те слушам како зборуваш глупости и невистини!“.

Пановски побара највисоки казни за обвинетите за тероризам – доживотен затвор.

Тој образложи кој од групата обвинти за тероризам, точно каква задача имал во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година, истакнувајќи дека дел од обвинетите биле логистичка поддршка, односно задолжени за сместување на групата, за носење на храна и за сè останато што им било потребно.

Судењето за „Дива Населба“ почна во февруари минатата година, а обвинети се 37 лица за тероризам. Во крвавиот инцидент загинаа осум полицајци: Жарко Кузмановски (32) и Сашо Самоиловски од село Брвеница (32), Ненад Серафимовски од село Зубовце (27), Исамедин Османи од село Студеничани (32), Бобан Ивановиќ од село Стајковци (47), Горан Илиевски од Гостивар (41), Љубиша Аранѓеловиќ од Скопје (49) и Горан Стојменовиќ од село Миладиновци (45), а уште 37 нивни колеги беа ранети со разна тежина на повредите. Убиени беа и десет лица од вооружената група од Косово.

Според Обвинителството, дел од обвинетите се погрижиле да обезбедат илегално преминување на напаѓачите од Косово, додека една група го обезбедила поголемиот дел од оружјето од полициската станица во Гошинце.

Обвинетите од локалното население се товарат дека доброволно ги прифатиле терористите и ги сместиле во своите куќи.

Иако се очекуваше завршен збор да даде одбраната, сепак, тоа ќе случи на наредното рочиште, бидејќи одбраната го побара на увид записникот од завршните зборови.

 

 

 

 

Tags: ГошинцеДиво Насељедоживотен затворКосовоКумановообвинителствосудењетероризам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ