• Latest

Обвинителството поведува постапка за одговорноста на Вангеловски

October 10, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Обвинителството поведува постапка за одговорноста на Вангеловски

October 10, 2017 16:33
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Скопје побарало „податоци и документација“ од институции во врска со кривичната пријава што неодамна против претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, ја поднесе Советот за утврдување на факти, и поведување постапка за утврдување одговорност за судија, велат за МЕТА од Јавното обвинителство.

„Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, тргнувајќи од наводите содржани во кривичната пријава на Советот за утврдување на факти против лицето за кое покажувате интерес, достави барања до соодветни институции за прибирање податоци и документација неопходни за расветлување на случајот“, стои во одговорот на јавното обвинителство на нашите прашања дали е прифатена кривичната пријава, дали е отворена постапка и во која фаза е таа, јавува МЕТА.

Кривичната пријава Советот ја поднесе на 28 септември, откако две недели претходно Вангеловски не им дозволи на членовите на комисијата која ги истражува околностите за бегството на Горан Грујовски и на Никола Бошковски, да влезат во Врховниот суд и да извршат увид во списите од предметите „Таргет“ и „Тврдина“.

Како што информира МЕТА, Комисијата што ја формираше Советот треба да утврди дали судии од Кривичниот, Апелацискиот и од Врховниот суд, кои одлучувале по барањата за притвори на СЈО, ја прекршиле постапката и им овозможиле на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и на Никола Бошковски, вработен во УБК, да побегнат од државата.


извор: МЕТА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

 

Tags: Бошковскиврховен судГрујовскиЈово ВангеловскиОЈОСЈОСовет за утврдување на фактиТаргетТврдинаУБК
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ