• Latest

Обвинетите во случајот „Алмир“ не се чуствуваат виновни, пресудата ќе биде објавена на 5 април

April 2, 2018
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Обвинетите во случајот „Алмир“ не се чуствуваат виновни, пресудата ќе биде објавена на 5 април

April 2, 2018 15:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Обвинетите во случајот „Алмир“ не се чуствуваат виновни, ниту првообвинетиот Бобан Илиќ кого Обвинителството го товари за „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, ниту пак тројцата обвинети за „насилство“, таткото на детето, Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу. Нивните адвокати во завршните зборови, денеска во кумановскиот Суд побараа ослободителни пресуди.

Илиќ изрази жалење, за настанот, за детето и рече дека не се чуствува виновен. Таткото на детето, Седат Алиу, рече дека не знае зошто е обвинет кога си ја бранел фамилијата и побара да биде ослободен од обвиненеието. И трето и четврообвинетиот, Сами Демири и Абдула Алиу кажаа пред Ссудечкиот совет дека не се виновни за делото „насилство“.

Во завршниот збор адвокатот Стеван Павлески денеска побара ослободителна пресуда за Илиќ, потеницрајќи дека делото не го извршил со умисла, повикувајќи се на невропсихијатриското и сообраќајно-техничкото вештачење и видео записот, нагласувајќи дека бил вовлечен во конфликтна ситуација од која се обидел да излезе. На почетокот на судењето, адвокатот во име на семејството изрази сочуство до мајката за загубата на нејзниното дете.

Во изјавата за медиумите Павлески рече побарал ослободителна пресуда врз основа на цврстите и несоборливи докази, додавајќи  дека од нив произлегува  правото на нужна одбрана и право на крајна нужда. Тој се сложи со обвинителството во однос на хронологијата на настанот, но не и со правната квалификација на делото.

– Вештачењата се резултат на доказите, во вид на видео снимки, искази на сведоци, очевидци на настанот, тоа се супер докази. Врз основа на тие докази се изготвени вештачењата, изјави Павлески.

Адвокатот Асмир Алиспаиќ побара ослободителна пресуда за неговите клиенти, посочувајќи во завршните зборови дека имало пропусти во обвинението, дека нема соодветни докази дека неговите клиенти го извршиле насилството. Тој уште еднаш повтори дека за него е неразбирливо како во овој случај не се гони братот на обвинетиот, кој во постапката е наведен како оштетена страна. Повтори дека обвинителката е пристрасна во овој случај.

Алиспаиќ рече дека двајцата доктори од Универзитетската клиника за невроспихијатрија и сообраќајниот вештак немале важечки лиценци издадени од Министерството за правда, односно вештачењата го изготивиле кога лиценците им биле истечени. За своите клиенти посочи дека не го сториле делото, за што вели не е направена компаративна споредбена анализа и дека сведоците не ги препознавале лицата кои наводно ги нападнале. Тој побара од Судот повторно  да го отвори главниот претрес во врска со лиценците на вештаците, за да се разјаснат укажувањата.

– Тоа значи дека Обвинителството е должно и морало да го провери овој клучен факт, бидејќи Судот е доведен во една ситуација кога не може да им поклони верба на вештиот наод и мислење и исказите дадени на главна расправа, бидејќи немаат доказна вредност. Затоа беше и тој предлог, дека Судот после ваков факт треба да ја преотвори главната расправа, согласно член 397 став 1 по службена должност и овие неразјаснети околноти да се разјаснат, или по службена должност ќе се обрати до Министерството за правда или ќе го задолжи обвинителот кој е нарачател на вештите наоди и мислења да достави доказ дали истите имале истечени или немале истечени лиценци, рече Алиспаиќ во изјава за медиумите.

Истакна дека ако Судот ја темели пресудата од негова страна ќе биде обжалена и се надева дека повисокиот суд ќе го врати предметот на повторно одлучување.

Објавата на пресудата е закажана за 5 април годинава.

На претходното рочиште кое се одржа во средината на март, кумановското Обвинителство го преквалификуваше обвинението против Илиќ од „убиство“ во „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот “.

Обвинетиот Илиќ се товари за прегазување на четиригодишниот Алмир Алиу на 25 јуни 2016 година, по претходна банална расправија со таткото на момчето, во кумановскиот Здравствен Дом на улицата „Борис Кидрич“. Четиригодишниот Алмир почина од здобиените повреди на 1 јули 2016 година. 

[divide]

извор: МИА

Tags: АлмирМакедонијаобвинителствосудство
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ