• Latest

Орданоски: Очајната власт е подготвена на сѐ

April 15, 2016
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Орданоски: Очајната власт е подготвена на сѐ

April 15, 2016 19:17
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Експертскиот тим на ЦИВИЛ – Центар за слобода во соработка со врвни аналитичари од земјава и од странство, редовно ја анализира состојбата во земјата во социо-политички и изборен контекст. Ова е најновото издание на видео-анализата на ЦИВИЛ, со д-р Сашо Орданоски. 

Она што во последната недела го прави власта е една релативно логична операција на луѓе кои што се наоѓаат во очајна позиција, кои се обидуваат да го преживеат веројатно најтешкиот период во нивната политичка кариера и, воопшто, позицијата во која се наоѓа партијата.

Имено, она што се обидува ВМРО-ДПМНЕ да го прави веќе подолго време е да создава една нова реалност. Таа реалност има висока цена, бидејќи тие знаат дека кршат закони, кршат Устав, ги декредибилизираат луѓето кои се вклучија во тоа, почнувајќи од Претседателот па надолу. Меѓутоа, тие цело време произведуваат една стварност која потоа станува фактичка ситуација од која тие потоа преговараат.

На пример, ќе донесат одлука на Уставен суд, па потоа велат: „Не можеме да ја повлечеме.“ Ќе аболира Претседателот педесетина луѓе, за потоа да се водат разговори како тоа е свршен чин. Ќе прогласи претседателот на Собранието во оставка нови избори и од таму почнуваат следните преговори. Потоа се водат преговори кај што тие бараат политички концесии за евентуално некои од овие работи да се вратат во законски рамки, да се вратат во некои прифатливи политички рамки итн.

Тоа е едно создавање на стварност која што ним пред сѐ им користи за да ја стегнат партијата од внатре и да ги задржат стабилноста на партиските структури, да создадат притисок кон опозицијата и да ја тераат цело време да влече потези кои треба да им парираат на овие нивни повремено нелогични, повремено на работ на нормалното.

Меѓународната заедница влезе во една фаза на жесток притисок. Власта, пак, на меѓународната заедница цело време ѝ се обраќа со барања да зема предвид нови околности во стилот: Сега што да правиме кога парламентот е распуштен? Што да правиме кога Претседателот аболираше? Што да правиме кога Уставниот суд донесе таква одлука? Што да правиме…?

Тоа е купување време, тоа е игра на кондиција, која што тие, бидејќи имаат големи ресурси, можат да ја водат. Притоа, се обидуваат да направат секаков вид на провокации, за да ја испровоцираат другата страна да прави грешки, другата страна да западне во нервози, другата страна да влече избрзани потези. Некои од тие работи се на работ од прифатливоста. Во овој период, гледаме дека се крева едно граѓанско движење кое протестира, се побуни… Тие инфилтрираа свои луѓе и на различни начини за да го претстават како екстремно.

 

Во овој момент фактичката ситуација во Македонија е дека три страни бараат избори на 5 јуни, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, Министерството за надворешни работи на Русија и ДУИ. Во тој трилинг, јасно е дека позицијата на ДУИ е  најнеодржлива. Треба да причекаме да видиме, во наредниве денови, недели, можеби и месец дена, која ќе биде играта на ДУИ, која се најде во апсурдна позиција пред своите гласачи, по сопствена вина, се разбира. Мислам дека во тој контекст ќе има некаков развој.

Второ, немојте да ја потцените машинеријата на власта која што создава сопствена реалност. Тие апелираат кон своите гласачи, создаваат една виртуелна реалност во која што нивниот глас е најсилен. Фактот дека во Македонија не постојат услови за кредибилни избори, нив не ги интересира. Тие создаваат една реалност во која тие се во офанзива или се обидуваат да бидат во офанзива, а другите треба да смислуваат потези како да опонираат на таквиот развој на настаните.

Конечно, една работа е многу очигледна која во изминатите денови ја слушаме во обраќањата на Груевски, Иванов и руското Министерство за Надворешни работи. Во сите три обраќања, речиси во ист ден, се спомнува Украинското сценарио.

Нивната контра игра е јасна. Тие ѝ се закануваат и на меѓународната заедница, а на еден подмолен начин и на македонската јавност, дека се подготвени да одат во Украинско сценарио, дека се подготвени, веројатно и вооружени, за да ја одбранат ако треба и со оружје својата позиција.

Не сум сигурен како таа закана ќе ја артикулираат во наредните денови. Но, треба да причекаме и да видиме што ќе бидат реакциите на меѓународниот фактор од запад. Позицијата на меѓународната западна заедница е унисона во сите настапи, според кои постојат две константи.

Првата е дека Специјалното јавно обвинителство мора да продолжи да работи, а втората е дека Претседателот Иванов мора да си ја повлече одлуката за аболиција.

Сега слушаме едно налудничаво толкување од кабинетот на Иванов дека таа одлука би важела само до изборите што, се разбира, е една нова небулоза во која веќе никој жив не може да се снајде. Меѓутоа, очигледно е дека притисоците растат. Ние не знаеме што се случува зад сцената, но ВМРО повторно произведе една нова фактичка ситуација, а тоа е формално распишување на изборите, со што повторно се качија едно скалило погоре во својата преговарачка позиција. Тие цело време се обидуваат да бидат одозгора во процесот, цело време се обидуваат да го диктираат темпото, тие да ги диктираат условите со кои што ќе се преговара.

Нив им е јасно дека изборите на 5 јуни се доведени во прашање, меѓутоа тие веќе не се концентрирани на самите избори на 5 јуни, туку на што подобри услови за она што ќе се договара за одлагање на изборите или за започнување на некаков нов процес кој веројатно ќе биде Пржино 2, со друг вид на посредници, веројатно со повисоко присуство на меѓународната заедница.


Оваа анализа е подготвена во рамките на проектот за изборен мониторинг Напред!, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Tags: анализаизбориМакедонијаполитичка кризаСашо ОрданоскиЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ