• Latest

Одбележување на Денот на победата против фашизмот и Денот на Европа!

May 9, 2017
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Одбележување на Денот на победата против фашизмот и Денот на Европа!

May 9, 2017 13:11
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија, денеска го одбележува 9 Мај – Денот на Европската унија и Денот на победата против фашизмот.

Делегацијата на Европската унија во Македонија, во соработка со повеќе амбасади, општини и организации, со повеќе од 30 настани, го одбележува 67-миот роденден на Унијата.

Како што информираат од Делегацијата на ЕУ, станува збор за најразлични настани поврзани со спортот, како „Скопскиот маратон“ и турнири во фудбал, настани од културата, потоа годишниот матурски танц за матурантите од средните училишта, како и бројни дебати, предавања, натпревари и локални фестивали.

По тој повод, во 12 часот, од членовите на ЕУ Инфомрежата беа организирани повеќе настани во Дебар, Охрид, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Крива Паланка, Велес и во Куманово.

Како дел од одбележувањето на Денот на Европа, организиран е „ЕУ автобус“, што ќе патува низ земјата и ќе престојува во Петровец, Негорци, Просениково, Србиново и во Пласница.

На денешен ден во 1950 година, Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање  организирана Европа, со цел одржување на мирот на европскиот континент, којшто беше разурнат од војните. „Шумановата декларација“, се смета за почеток на формирањето на она што денес го препознаваме како Европска унија.

 

Одбележувањето на Денот на победата над фашизмот започна уште викендов, кога Амбасадата на Руската Федерација во Македонија организираше повеќе настани во Битола и во Скопје.

Амбасадата на Русија организира и полагање венци цвеќе пред Споменикот на загинатите партизани кај хидроцентралата „Матка“, а ќе бидат одржани и повеќе други културни настани.

Во Кинотеката на Македонија, со проекцијата на „28 Панфиловци“ (2016), филм од најновата руска продукција, ќе биде отворена „Неделата на рускиот филм“, во која проекциите ќе се одвиваат до 13 мај.

На 9 мај 1945 година, Германија потпиша капитулација во Втората светска војна, во која животите ги загубија повеќе од 50 милиони луѓе.

Македонија за време на Втората светска војна беше дел од антифашистичката коалиција. Во борбите против фашистичките окупатори, само во вардарскиот дел на Македонија загинале 33.000 луѓе, вклучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои биле  депортирани во концентрациониот логор „Треблинка“.

 

Минатата година, Денот на победата над фашизмот беше одбележан со масовен протест на Шарената револуција. Со транспарент: “Антифашизам. Вчера, денес, утре. Борбата продолжува“, демонстрантите порачаа дека нема да престанат да се борат за слободата во Македонија.

М. Т.

Tags: 9 МајДен на ЕвропаЕУодбележувањеспоменфашизамшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ