Меѓународниот ден за слобода на печатот, Здружението на новинарите на Mакедонија ќе го одбележи заедно со Министерството за комуникации, отчетност и транспарентност, Делегацијата на Европската Унија и Амбасадата на САД во ЕУ Инфо Центар со почеток во 12:30 часот.
На настанот освен Насер Селмани, претседател на ЗНМ, ќе се обратат и Роберт Поповски, министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност при Владата на Република Македонија, Лукаш Холуб, вршител на должност и шеф на одделот за политички прашања, информации и комуникации, Делегација на Европската Унија и Дејвид Стефенсон, шеф на политичко-економската канцеларија при Амбасадата на САД.
Настанот се организира во рамките на проектот „Мрежа на новинарите за слобода на медиумите во Македонија”, финансиран од Европската Унија.
Б.Ј.