• Latest

ОЈО: Постојат основи на сомнение дека некој му помогнал на Мијалков во бегството

February 22, 2021
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ОЈО: Постојат основи на сомнение дека некој му помогнал на Мијалков во бегството

February 22, 2021 15:10
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа испрати две прашања до Основното Јавно Обвинителство во врска со случајот со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за точните датуми за кои побарале притвор и мерки за претпазливост за Сашо Мијалков и во што се состоеле тие мерки, и кој била проценката дека е потребен негов притвор пред последното рочиште за „Таргет-Тврдина.

Како одговор на прашањата ОЈО генерираше соопштение кое гласи:

„Во врска со издржувањето на мерката куќен притвор на обвинетиот Сашо Мијалков, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја информира јавноста дека во моментот на завршување на главната расправа за предметот Таргет-Тврдина, обвинителите кои постапуваа во предметот немале никакви индиции дека обвинетиот подготвува бегство. Но и покрај тоа, по завршување на главната расправа, со цел да се преземат превентивни мерки, го известиле Министерството за внатрешни работи дека главната расправа е завршена.

Првите индиции дека можеби се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков Министерството за внатрешни работи ги сподели со обвинителството на 20.02.2021 година (сабота) во 23:00 часот. Во неделата утрото по направените неопходни проверки, изготвен е предлог за определување на притвор. Во 12:00 часот со цел да обезбеди услови за прием на предлогот за притвор, обвинителството го извести Основниот кривичен суд – Скопје за изготвениот предлог, како и Министерството за внатрешни работи. По исполнување на административните процедури, предметните обвинители во 14:30 часот се упатиле во Основниот кривичен суд – Скопје, каде во 15:00 часот Предлогот за определување на притвор е примен од судот и со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му е определена мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. Решението од страна на обвинителството  е примено во 18:45 часот. Во меѓувреме, до приемот на решението, јавните обвинители се известувани од надлежни лица во Министерството за внатрешни работи дека имаат визуелен контакт со обвинетиот Мијалков и дека тој не е избеган.

Околу 21:20 часот обвинителството е известено дека има проблем со врачување на решението за притвор, по што во 21:47 е потврдено дека обвинетиот Мијалков не е пронајден.

Имајќи го предвид фактот дека во моментот на изготвување на предлогот за определување на мерка притвор, како и во моментот на нејзиното поднесување до судот, обвинетиот Мијалков не бил во бегство, обвинителството смета дека постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 од Кривичниот законик заради што ќе ги преземе сите неопходни мерки за расчистување на ваквите сомненија.“

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ