• Latest
Првата дама на Украина, Олена Зеленска

Олена Зеленска на меѓународната конференција „Жените во конфликти“: Нашите жени се суперхерои кои со секој ден од животот ја доближуваат победата

June 10, 2022
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Олена Зеленска на меѓународната конференција „Жените во конфликти“: Нашите жени се суперхерои кои со секој ден од животот ја доближуваат победата

June 10, 2022 16:16
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Првата дама на Украина, Олена Зеленска

Првата дама на Украина, Олена Зеленска

Share on FacebookShare on Twitter

Првата дама на Украина Олена Зеленска учествуваше во онлајн форматот на конференцијата „Жените во конфликти“. Настанот се одржа во Брисел, а беше организиран од Европската Унија заедно со UN Women. Конференцијата се фокусира на состојбата на жените во епицентарот на војната, правдата и женското лидерство во тешки животни околности. Првиот дел од конференцијата се одржа во Њујорк на 21 септември 2021 година, објави официјалната веб страна на претседателот на Украина.

Олена Зеленска беше поканета да учествува на настанот од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој неколкупати ја посетува Украина од почетокот на руската инвазија.

За време на говорот, Првата дама покажа фотографии и ги раскажа приказните на Украинките поврзани со војната на Русија против нашата држава.

„Не сакам и не можам да зборувам за војната на јазикот на статистиката и бројките. Судбините се губат зад нив. Ние веќе имаме вистински симболи на нашата војна“, изјави сопругата на претседателот на Украина.

На првата дама и се придружија други жени лидери, меѓу кои и грузиската претседателка Саломе Зурабичвили и добитничката на Нобеловата награда за мир во 2018 година, ирачката активистка за човекови права Надија Мурад, која го преживеа ропството и тортурата на ИСИС. Таа исто така беше коорганизатор на настанот.

Сопругата на претседателот, исто така, ја истакна големата улога на Украинките во отпорот на руската инвазија:

„Тие не можат да се наречат пасивни жртви, секоја од нив има своја приказна за отпор. Повеќето од нашите лекари се жени. 50% од нашите претприемачи се жени и тие работат на поддршка на економијата. Во вооружените сили на Украина има 37.000 жени. Повеќе од илјада жени веќе станаа команданти. На пример, наставничката по историја Љубов Плаксиук е првата Украинка која раководи со артилериска единица и моментално се бори во Донбас. Постои такво популарно прашање: која е вашата супермоќ? Значи, секоја наша жена може да одговори: мојата супермоќ е што сум Украинка! И ова не е претерување. Нашите жени се суперхерои кои со секој ден од животот ја доближуваат победата“, истакна Првата дама на Украина.

Подготви: Д.Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ