• Latest
Фото: IMDB

Оливер Стоун, путиновиот Рифенштал

February 13, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Оливер Стоун, путиновиот Рифенштал

February 13, 2024 12:28
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОНТЕКСТ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фото: IMDB

Фото: IMDB

Share on FacebookShare on Twitter

Терминот „танки“ (tankie) е левичарска политичка навреда за комунист кој го брани сталинизмот или поддржува авторитарни или милитаристички, антикапиталистички режими, и е познат на секој со извесно познавање на политиката на поранешниот Советски Сојуз. Тоа е вообичаен интернет сленг во денешно време, особено меѓу оние што сакаат да ги означат апологетите на режимот на Путин. Може да најдете „танки“ од секаков вид – од анонимни тролови на Твитер кои се противат на проширувањето на НАТО во Источна Европа, до познати новинари, режисери и академици.

Во контекст на опширниот осврт на  Цивил Медиа за тоа зошто дискредитираните Американци се впуштаат во улога на пропагандисти на озлогласени диктатори, како Путин и Хитлер, низ историјата и зошто и денес, овие обесчестени Американци инсистираат да ја бранат реториката на Путин, како еден од поистакнатите примери за денешните „танки“ се појавува Оливер Стоун, американскиот режисер. познат по филмовите за американските претседатели како што се „ЏФК“ и „В“, и исто така стана дел од поранешната славна група западни личности кои сега се ставија во служба на руската пропаганда.

Тој го продуцираше „Украина во пламен“, кој излезе во 2014 година, филм кој ги минимизира протестите на Евромајдан кои доведоа до соборување на корумпираниот проруски претседател Виктор Јанукович во 2014 година и претставувајќи ги како државен удар предводен од САД.

Во своето неодамнешното појавување во подкастот на Бил Махер „Клуб Рендом“,Стоун го удвои своето проруско расположение, бранејќи го рускиот претседател Владимир Путин, го доведе во прашање потеклото на СОВИД-19 и ефикасноста на вакцината, ги изрази своето мислење дека Доналд Трамп можеби победил на изборите во 2020 година и ги објасни во суштина сите спротивни позиции на кои можеше да се сети. Водителот на крајот вознемирено го праша: „Дали постои теорија на заговор во која не верувате?

Уште поконтроверзни беа документарните филмови на Стоун за диктаторите Фидел Кастро (има снимено три) и, особено, за Владимир Путин во „The Putin Tapes“. Поддршката на Стоун за Путин станува сè поконтроверзна додека руската инвазија на Украина продолжува.

Драган Мишев


Прочитајте го целиот текст:

Зошто дискредитирани познати Американци стануваат пропагандисти на Путин и Хитлер

Print Friendly, PDF & Email
Tags: антиамерикански пропагандистиВладимир ПутинОливер Стоунпутинисти
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result