Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, на 12 април, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, ќе го одбележат Јом Ашоа – Националниот комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел, којшто се одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен ден на 6 милиони Евреи убиени во холокаустот.
Настанот ќе почне во 13 и 30 часот, со палење на шест меморијални свеќи и промоција на книгата „Ноќта“ од авторот Ели Визел. Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Тодор Чепреганов.
А.П.