• Latest

ОМД незадоволни од средбата на државниците

January 29, 2018
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ОМД незадоволни од средбата на државниците

January 29, 2018 11:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Обединета македонска дијаспора не остана должна во своето мониторирање на случајот „преговори за името“, па излезе со соопштение од нивното, со особено внимание, следење на изјавите по средбата на „државниот врв“ во саботата.

По разгедување на предлозите на медијаторот Нимиц, секој од присутните државници, Иванов, Димитров, Заев, Мицевски и Ахмети дадоа свое видување од поминатите 5 ласа зад затворени врати.
Познато е дека ОМД смета дека има конфликт на интерес во функцијата што Нимиц ја извршува, како и нивно несогласување со разговорите што ги водеа премиерите на Македонија и Грција во Давос.
„Во отсуство на декларативно изјаснување на Претседателот Иванов, Премиерот Заев и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски, за тоа дека не се разговара за идентитетот и јазикот на нацијата, туку само за разрешување на билатералниот спор што Грција го има со Република Македонија, ОМД смета дека е целосно неодговорна реториката употребена во изјавите на сите учесници“, стои во соопштението.
Меѓудругото, според анализата на ОМД, учесниците потфрлиле пред јавноста да го афирмираат и потврдат ставот дека идентитетот и јазикот на народот не се предмет на тековните разговори со Грција и дека всушност се разговара единствено во рамките на Привремената спогодба на ОН – односно изнаоѓање решение за билатералниот спор како ќе ја ословува Грција, Македонската држава во меѓусебните односи.
„Со тоа ОМД смета дека средбата создаде сомнеж за не-дословно почитување на Уставот на Република Македонија. ОМД цврсто стои на ставот дека треба да се прекинат сите разговори со Грција и да се започне процедура за заведување на Република Македонија во Обединетите Нации под уставното име“, се вели во соопштението.
Истовремено, ОМД заедно со другите Македонски организации како ко-организатори на движењето #НиеCмеМакедонија им се заблагодарува на сите Македонците ширум светот за учеството на мирните собири и ги повикува на продолжување и интезивирање по масовност мирните собири низ државите во кои живеат Македонците.
Tags: (не)задоволствоDiasporaимеНимицПреговорипредлози
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ