• Latest

ОМД: Претседателот Трамп да го критикува Рохрбакер за коментарите за Македонија!

February 8, 2017
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026

ЦИВИЛ одговори на критиките за „бугарското прашање“: Јавната дебата не смее да се затвора во националистички рамки

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

Њујорк Тајмс: Заканите за Гренланд ја отворија дебатата за влез на Исланд во ЕУ

May 27, 2026

Нешто, сепак, се движи во МПЦ: Заминувањето на владиката Петар од сцената

May 27, 2026

Нови американски воени напади врз Иран го прекинаа кревкото примирје: Ескалација во Ормускиот теснец и економски шокови

May 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ОМД: Претседателот Трамп да го критикува Рохрбакер за коментарите за Македонија!

February 8, 2017 12:38
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Обединетата македонска дијаспора во своето соопштение бара и отповикување на конгресменот Рохрбакер од функцијата претседател на Поткомитетот за Европа и Евроазија во Конгресот на САД.

„Конгресменот Дана Рохрабакер (републикански претставник од Калифорнија) уште еднаш се посрамоти себеси, неговите гласачи и неговата партија, со крајно неодговорниот напад против Република Македонија. Ги повикуваме претседателот на Конгресот, Пол Рајан и лидерот на мнозинството во Конгресот, Кевин Мекарти итно да го отповикаат конгресменот Рохрабакер од неговото претседателство на овој значаен Поткомитет во Конгресот и го повикуваме претседателот Доналд Џ. Трамп да упати критика кон Рохрабакер за неговите коментари“, стои во барањето на ОМД.

Организацијата на иселениците од Македонија ги повикува Американците со македонско потекло да ги контактираат нивните претставници и национални лидери, со барање за одговорност за конгресменот Рохрабакер. Според ОМД, членовите на Конгресот не би требало да бидат иницијатори на конфликти на Балканот. Тие не би смееле да се поистоветуваат со етно-националните агенди, застапувани од страна на одредени балкански политичари.
„Македонија е суверена држава со постојани меѓународно признати обележани граници со сите свои соседи. Како таква, Македонија не припаѓа на Албанија, Бугарија, Косово, Грција, Србија или која било друга нација – држава“, пишува во соопштението на ОМД.

Претседателот на ОМД, Методија А. Колоски изјави дека “напредокот кон стабилност во регионот е секогаш заснован на меѓународна гаранција за непроменливост на државните граници. Со ваквата директна изјава на високо позициониран претставник од Републиканската партија за уништување на Македонија, истовремено сериозно се поткопува политиката на САД во Југоисточна Европа и позициите на претседателот Доналд Трамп.”

Во текот на интервјуто за „ТВ Висион Плус” од Албанија, конгресменот Рохрабакер изјави “со жалење изјавувам дека (Македонија) не е држава… Косоварите и Албанците од Македонија треба да станат дел од Косово. Другиот дел од Македонија треба да стане дел од Бугарија или било која друга држава на која сметаат дека и припаѓаат. Идејата дека треба да ја одржуваме Македонија во живот, бидејќи некој пред 30 години одлучил вака, како најдобро решение по распадот на Југославија, не е доволно оправдание дека оваа идеа треба уште да постои“.

Вчера и Министерството за надворешни работи, преку македонската амбасада во Вашингтон, побара став од Стејт департментот на САД за изјавите на американскиот конгресмен Рохрбакер.

Tags: Американци од македонско потеклоконгресМакедонијаОМДРохрбакерТрамп
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ