• Latest
Фото: Архива

ОН предупредуваат дека во Газа не влегуваат доволно хуманитарни конвои

January 12, 2024

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ОН предупредуваат дека во Газа не влегуваат доволно хуманитарни конвои

January 12, 2024 19:40
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Архива

Фото: Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Само пет од 24 планирани хуманитарни испораки беа извршени во северниот дел на Газа во првите 11 дена од 2024 година, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (ОЦХА) во Појасот Газа.

Израелските власти одбија неколку планирани испораки за надополнување на лекови и залихи во градот Газа, соопшти канцеларијата на ОН.

Другите конвои, наменети за испорака на храна, вода за пиење и други витални резерви, како и лекови, не поминаа. Тие беа задржани предолго на израелските контролни пунктови или затоа што договорените рути не можеа да се искористат.

Според ОЦХА, болниците на север затоа немаат доволно материјал за згрижување на болните и повредените.

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека од 300.000 до 400.000 луѓе сè уште живеат на северот на Газа, откако поголемиот дел од населението побегна на југ по почетокот на израелската воена кампања.

„Секој ден на пропуштена помош резултира со изгубени животи и страдања за стотици илјади луѓе кои остануваат во северниот дел на Газа“, соопшти ОЦХА.

Канцеларијата на ОН, исто така, предупреди на потенцијални немири поради недостигот на хуманитарна помош што пристигнува во Газа.

Неколкуте конвои на ОН кои пристигнаа во северниот дел на Газа беа запрени и испразнети веднаш зад контролниот пункт, изјави денеска претставник на ОЦХА.

„Тоа е ситуација на очај што можете да ја почувствувате“, рече Андреа Де Доменико, локалниот шеф на ОЦХА.

Тој нагласи дека луѓето не биле агресивни, туку гладуваат и итно им е потребна поголема помош. „Оваа тензија ќе се зголеми ако не ги зголемиме нашите операции“, додаде тој.

Вработените во ОН кои отпатуваа на северот на Газа оваа недела изјавија дека виделе тела како лежат на пат зад израелски контролни пунктови.

Според официјален претставник на ОН се работи за „несфатливо ниво на нечовечност“.

Премногу конвои се блокирани од израелските власти, особено испораката на гориво до болниците, рече Де Доменико. Израел стравува дека испораката на гориво може да заврши во рацете на Хамас и да се користи за напади врз Израел.

Израел ја напада Газа откако терористите од Хамас и други екстремистички групи ги извршија најлошите масакри во историјата на Израел на 7 октомври, при што загинаа околу 1.200 луѓе.

Според здравствените власти во Газа контролирани од Хамас, 23.708 луѓе се убиени во опколеиот крајбрежен појас од почетокот на израелската кампања. Се вели дека околу 60.000 се повредени.

Бројките не можат независно да се проверат.

Според Детскиот фонд на ОН УНИЦЕФ, најмалку 70.000 деца сега страдаат од дијареја поради катастрофалните хигиенски услови во Газа. Без лекување, ова може да биде опасно по живот за малите деца. Околу 135.000 малолетници се изложени на ризик од акутна неухранетост, рече Лусија Елми, претставник на УНИЦЕФ на палестинските територии.

Tags: ГазаОНхуманитарна помош
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ