• Latest

Оние кои ќе гласаат учествуваат во одлуката за иднината на државата

September 26, 2018

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Оние кои ќе гласаат учествуваат во одлуката за иднината на државата

September 26, 2018 09:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Само оние што ќе гласаат „за“ или „против“ во недела ќе учествуваат во одлуката за иднината на Македонија. Бојкотот не се калкулира никаде, порачаа вчера претставниците на коалицијата „Излези За европска Македонија“.

На само четири дена до референдумското изјаснување на граѓаните, поддржувачите на референдумското „за“ истакнуваат дека демократијата значи гласање и оти активни се оние кои носат одлуки.

– Успешен референдум е асполутно видливо огромно мнозинство кое гласа „за“ или успешен референдум е асполутно видливо огромно мнозинство кое што гласа „против“. Бојкотот не се калкулира никаде. Ако изгубам затоа што сум „за“ секако ќе се повлечам. Ако победам продолжувам понатаму, така што учесниците во референдумот се оние кои гласаат, што даваат можност, што носат одлука. Тоа се брои и тоа е одлуката во демократијата, ако сме демократи, порача вчера премирот Зоран Заев гостувајќи во емисија на телевизија „Телма“.

Заев Топ тема Посочи дека ако мнозинството граѓани гласаат „против“ тогаш тој нема што да бара во политиката, но оти е убеден дека сите заедно ќе дадеме придонес за европска Македонија.

Очекува и опозицијата да сфати дека е потребно да изгради став, бидејќи, како што рече на трибина во Виница, лидерство е да се заземе став, да се носат одлуки и да се води народ.

Поддржувачите на референдумот упатија и пораки дека со договорот се потврдени македонскиот идентитет и култура и оти нема бришење на македонскиот народ од преамбулата на Уставот.

– Конечно го потврдивме нашиот идентитет и нашиот јазик кои се македонски. Тоа се работи за кои не се преговара, затоа што сме биле, сме и ќе останеме Македонци, а со Договорот тоа сега ни е признато и од соседите и од сите членки на ЕУ и НАТО. Никој повеќе нема да не негира и никогаш веќе нема да ни го повредува идентитетското чувство со досегашното ФИРОМ. Тоа е важно и за нашите, но и за генерациите што доаѓаат по нас, поради што на референдумот очекувам огромна поддршка од младите, рече вчера Заев.

Текстовите на амандманите на Уставот не се напишани и не е чесно да се пишуваат пред референдумот. Тој процес ќе се одвива транспарентно во македонското Собрание, е исто така една од пораките кои вчера ја испратија поддржувачите на референдумот.

– Не чека процес што е целосно транспарентен и ќе се случува во Собранието. Но уште сега може да потврдиме дека македонскиот народ нема да биде избришан од преамбулата на Уставот, изјави вчера министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Устав на РММакедонскиот народ, рече таа, ќе биде во преабулата затоа што тоа е во духот на Договорот и уште еднаш ќе се потврди дека конститутивните одлуки на АСНОМ ќе бидат потврдени.

Од вчерашните собири со граѓаните, поддржувачите на референдумот испратија и порака дека Договорот со Грција бил неминовен, но оти македонскиот јазик е потврден и преведлив на сите јазици.

–  Македонството не брани со фасадна политика, туку ќе се одбрани ако си ја средиме државата, ако ја подигнеме, ако бидеме побогати и поуспешни и децата да ни остануваат тука и да си извезуваме производи, а не да извезуваме младост, рече шефот на македонската дипломатија Никола Димитров пред струмичани.

Димитров Струмица На вчерашните трибини уште еднаш беше посочено дека придобивките од влезот во ЕУ и НАТО се големи за Македонија како од безбедносен, така и од економски аспект. (МИА)

Tags: ЕУЗоран ЗаевНАТОНикола ДимитровРадмила Шеќеринска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ