Во тек е онлајн настанот со презентација што се фокусира на Берлинскиот процес, во организација на Балкан Форум, со медиумска поддршка од ЦИВИЛ.
На настанот ќе се презентира Истражувањето под наслов „Европски ангажман со Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес: анализа на напредокот во 2020-2021 година“ го иницира Балкан Форум и ги опфаќа самитите во Софија и Берлин кои се одржаа во 2020 и 2021 година. Самото истражување овозможува почеток за мултитематска анализа и дијалог на регионално ниво.
Учесници се Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум, Н.Е. Мимоза Ахметај, поранешна амбасадорка на Република Косово во Стразбур, Франција, во ЕУ, Белгија, Луксембург, Словенија и НАТО, Франк Моравиц, Специјален координатор за активностите на Француско-германската канцеларија за млади (DFJW/OFAJ) во Југоисточна Европа и директор на Cross Border Factory.
Презентација на Платформата за граѓанско општество ќе одржи Жил Стрифлер, истражувач при Балкан Форум, а методологијата, наодите и препораките од истражувањето ќе ги презентира Арсилд Тепелија и Даниел Прони. На настанот е предвидена и сесија за прашања од публиката. Работен јазик на настанот е англискиот.
Медиумска поддршка на настанот обезбеди медиумската платформа и социјалните профили на Цивил, на македонски, албански и англиски јазик.