• Latest
Добро утро со Орданоски

Оперативците на злото

February 14, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Оперативците на злото

February 14, 2019 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]У[/dropcap]ште не се беше ни расчистило местото на вчерашната ужасна трагедија со превртениот автобус на пол пат меѓу Тетово и Скопје, а по социјалните мрежи се појавија некои грозни коментари со ситење за тоа чии се некои од децата кои загинале и како и некои други не се нашле во автобусот со нив, за и тие – или барем нивните блиски! – да ги снашла трагедијата. Се спомнуваат имиња на политичари од власта и нивните семејства, а има и такви умоболства кои со неверојатен зол сарказам ја спомнуваат „иронијата“ на местото на несреќата – Карпалак – што, демек, би требало да претставува некаква „иронична“ историска „компензација“ за оној друг трагичен инцидент во близина на истото место од конфликтот во 2001 година.

„Да го спомнеш Карпалак во овој контекст е – ДИЈАГНОЗА!“, вели во својата реакција една колешка во една вечерна, интерна, групна комуникација за тоа дали треба или не треба на овие луѓе-нелуѓе да им се обрнува медиумско внимание. Повеќето се на став дека болницата во Бардовци, а не медиумите, се адресата за третман на ваквите личности.

Од друга страна, во право се и оние кои тврдат дека темата заслужува поширок третман, бидејќи во изминатите години најчесто од еден ист „центар за ширење политичка омраза“ редовно доаѓаат вакви и слични коментари. Тоа е едно десничарско, национал-шовинистичко друштво од десетина пропаднати новинари, не сосема реализирани универзитетски професори, неколку политичари „во обид“ и троа „културни“ работници кои себеси се доживуваат прикратени од некаква „заслужена“ општествено-политичка промоција и функција, а сè заради победата на либералниот, толерантен општествено-политички модел што се практикува во државата. Тоа е истата дружина (и нивните фејсбук поддржувачи) кои со години го оправдуваа режимот на Груевски и ја исмеваа евро-атлантската ориентација на земјава, правејќи списоци за отстрел, проектирајќи „армирани бетонски плочи“, колнејќи, псуејќи и препорачувајќи разни погани рецепти за справување „до трето колено“ со политичките опоненти.

Сепак, мора нешто сериозно да ви фали во срцето – не само во главата – за да бидете способни овој вид на политичка омраза толку да ви ја помати свеста, па да можете да се подбивате или да се ситите и со вакви трагични сообраќајни несреќи, како вчерашната.

Злото е секогаш банално. Но, овде ја имате „превртената“ формула на прочуената „ајхмановска“ теза на Хана Арент која, во нашата пермутација, би гласела: Дали некој може да биде злобен без да прави зло? (А не, како кај Арент, да прави зло без да биде злобен…) Односно, каква е одговорноста на оние кои повикуваат на зло, а самите, можеби, не би го чинеле?… И чекор понатаму: Можно ли е ваквите злобници кои самите не прават зло, да не се ни свесни за својата одговорност кога некој ќе го спроведе злото што тие јавно го препорачуваат?

За тоа кој сте, јавноста може да ви суди според тоа што го правите. Но, кога тоа што го говорите ви е професијата што ја правите, тогаш и за изговореното јавноста може да ви суди. Ако говорот ви е професија, а говорите зло, тогаш и самиот сте оперативец на злото.

Срам да ви е!

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share1303TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ