• Latest

Опожарен е влезот од гаражата на прилепскиот новинар Милошески!

January 25, 2017

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Опожарен е влезот од гаражата на прилепскиот новинар Милошески!

January 25, 2017 12:40
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Опожарен е влезот од гаражата од новинарот, Зоран Милошески, сопственик на порталот „Публикум“ и добитник на наградата за граѓански новинар на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Како што потврди СВР Битола, инцидентот се случил ноќеска, половина час пред полноќ, истрагата е во тек, а причинета е мала материјална штета.

„Непознат сторител истурил запалива течност пред влезот од гаражата на новинарот. Распламтениот оган го забележал соседот и тој го пријавил случајот во прилепската полиција. Извршен е веднаш увид. Констатирано е дека не се причинети материјални штети во гаражата во којашто се наоѓало возилото. А, во непосредина близина на гаражата имало паркирани и други возила. Но, соседот сам со снег го изгаснал огнот. Истрагата е во тек. Досега не се откриени можни сторители на настанот“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматовска.

Новинарот Милошески не може да посочи на конкретен сторител.

„Точно е дека сум се соочил во закани досега. Ми праќале пораки, ми ѕвонеле со скриени телефони, ми се заканувале на разни начини. Сум пријавувал и во полиција… Но, до денеска не се случило ништо конкретно“, вели Милошески.

Во прилепската средина Милошески е познат како еден од ретките новинари со остро перо. Освен што е сопственик на критички настроениот портал „Публикум“, тој е дописник на неделникот „Фокус“ и на порталот “Слободна Македонија“. Добитник е и на награда за најдобра сторија на граѓански новинар што ја доделува ЦИВИЛ – Центар за слобода во рамките на проектот „Граѓански објектив“.

Моника Талеска

Tags: заканиМилошескиновинарпожарПрилеп
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ