• Latest

Опозицијата наскоро може да се врати во Собранието

February 28, 2018

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Опозицијата наскоро може да се врати во Собранието

February 28, 2018 12:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери очекува во наредните денови да се најде решение за над 35-те илјади амандмани на Законот за употреба на јазиците поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

– Комуницирам со претставници на пратеничките групи вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека сме блиску до решение, рече Џафери на денешната средба со новинарите во Собранието.

Прашан дали решение би било да се расправа за амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, Џафери рече дека отворањето дебата за нив би значело блокада на работата на Собранието. Целта, како што наведе, е да се избегне блокада на Собранието. Процедурално, како што кажа, тој нема да дозволи да се случи блокада во законодавниот дом.

За Законот за јазиците станало збор и на средбите со тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан, кои се иницијатори на разговорите во рамки на Жан Моне процесот.

Првата средба со претставници на парламентарните партии, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ се очкеува да биде одржана на 15 март, но доколку не се обезбеди присуство на еврокомесарот Јоханес Хан и експерти, разговорите би можеле да бидат одложени за мај.

Теми на овие разговори ќе бидат измени на Деловникот за работа Параламентот и Етичкиот кодекс, но парламентарните групи можат да достават и свои предлози кои би биле ставени на маса. Од дискусиите во Вилтон Парк се очекуваат заклучоците од каде исто така би можело да се вметне нешто во Деловникот.

Политички дијалог во Парламентот има, вели спикерот. Комуникација има на сите нивоа со сите политички партии, а во однос на двотретинските закони и за заштита на сведоци работните групи групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ работат на нивно усогласување. Се надева дека деновиве ќе има конечни согледувања.

Работните групи, според Џафери, разговараат за сите политички прашања вклучувајќи ги и Изборниот законик и составот на Државната изборна комисија (ДИК), но веројатно, вели тој, за тоа ќе се разговара во дуг формат не посочувајќи дали тоа би можело да биде на ниво на лидери на партии. – За тоа е потребно двотретинско мнозинство, рече првиот парламентарец.

Џафери смета дека наскоро опозицијата би можела да се вклучи повторно во работата на Собранието. Имајќи ги предвид притворите на пратеници и други лица во врска со насилствата во Собранието на 27 април и постапката што се води пред институциите, Џафери смета дека за кратко време и по тој основ ќе престанат аргумените за потребата ВМРО-ДПМНЕ да бидат надор од Собранието.

Засега официјално нема промена на соодносот меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата, имајќи ги предвид најавите и состојбата и поделбите во Беса.

Двата закона со кои се предвидува намалување на надоместокот за патни трошоци за пратениците ќе бидат донесени по Законот за јазиците, бидејќи се на истата седница.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: опозицијаСобрание
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ