• Latest

Општина Тетово сè уште без Совет

March 26, 2018

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Општина Тетово сè уште без Совет

March 26, 2018 10:35
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поминаа пет месеци од локалните избори, а Советот на Општина Тетово сѐ уште е блокиран. Членовите на Советот не можат да изберат  претседател и да формираат мнозинство. Општината не може нормално да работи. Сите ветени и планирани проекти стојат во место. Наталожените проблеми во градот не се решаваат, а граѓанките и граѓаните се револтирани.

Молк од надлежните

ЦИВИЛ Медиа побара одговор од кабинетот на градоначалничката Теута Арифи, а од таму не упатија во Канцеларијата за односи со јавност која на нашите уредно поставени писмени прашања не дадоа никаков одговор.

Бобан Видоески, претседател на Општинскиот огранок на СДСМ во Тетово изјави дека е загрижен  за состојбите во Советот, но со нивното скромно учество од тројца советници не се во можност да ја деблокираат работата на Советот иако чувствуваат одговорност за состојбите, затоа што на изборите директно ја подржаа кандидатурата на кандидатот на ДУИ, Теута Арифи.

Видоески рече дека СДСМ не ја исклучуваат можноста доколку во скоро време не се најде решение да се оди повторно на избори за Совет на Општината.

Можни сценарија

Првото и најпосакувано можно сценарио е сепак партиите да ги надминат своите тесно партиски и лични интереси, велат тетовчани во разговор со ЦИВИЛ Медиа, и во име на заедничките интереси на сите граѓанки и граѓани на Тетово да најдат решение кое ќе го деблокира Советот и ќе почнат да ги решаваат проблемите на Општината за што ја добиле довербата.

Второ сценарио за кое се зборува меѓу граѓаните во Тетово, исто така, е најавеното проширување на парламентарното мнозинство да се преслика и на локално ниво во Тетово, со што дел од партиите кои ќе станат дел од владиното мнозинство да дадат поддршка да се формира мнозинство во Советот.

Трето и најнепосакувано сценарио е да се повторат локалните избори за Совет  на Општина Тетово. Ова сценарио, велат тетовчани, за Тетово ќе значи само непотребно трошење на пари и губење на драгоцено време и не нуди никаква гаранција дека нешто ќе се промени во распределба на партиските влијанија.

Заклучок

Иако не се знае точниот износ, сепак јавна тајна е дека Општина Тетово е една од најзадолжените општини. Владата најави дека ќе се задолжи за да ги исплати долговите на општините. Ако ова се реализира за Општина Тетово треба да биде голем поттик за брзо решавање на наталожените проблеми и реализирање на ветените проекти.

Граѓаните сметаат дека тоа е мотив плус  да се надминат партиските поделби и сите да работаат во интерес на градот и граѓаните.

Перо Наумовски 

Tags: блокадаСоветТетово
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ