Министерство за локална самоуправа и Мировен Корпус Македонија организирааа настан за градоначалиците од цела Македонија.
На настанот присуствуваше и американскиот амбасадор Џес Бејли, Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, директорот на Мировен Корпус Марк Ханафин, како и градоначалниците или нивни претставници од 81 општина во Македонија и волонтери од Мировниот корпус.
„Волонтерите се тука за да им помогнат на локалните заедници да воведат проекти и одговорат на потребите на заедницата… Без оглед дали се мали или големи, волонтерите на Мировен Корпус се секогаш тука да помогнат во создавањето и имплементирањето на проекти кои се наменети за заедницата“, изјави амбасадорот Бејли.
Волонтерите на Мировниот Корпус зборуваа за влијанието на нивните активности врз развојот на Македонија.
Општините беа поканети да аплицираат за волонтер на Мировниот Корпус.
Крајниот рок за аплицирање е 27 април.
Б.Ј.