Во бизнисот важат други правила, различни можеби од обичното живеење. Сите имаме обично живеење но во бизнисот има правило дека бизнисот постои за да функционира, да заработува пари, да прави профит. Тоа му е суштината. Во најголема мерка вработените се бираат, јас не знам колку стотици вработени ми поминале низ фирмите итн., во овие триесет и нешто години, меѓутоа основно гледаш дали ќе ја исполни улогата за која е објавено работното место, дали на тоа работно место тој вработен или таа вработена сеедно, ќе биде добар работник, истакна Ванчо Орданоски, сопственик на бизнис во ИТ секторот на јавен настан на ЦИВИЛ на тема „Можеме ли заедно?“.
Но кажувајќи го тоа, се разбира дека етницитетот и културата се сепак на некое второ место. Сепак, сметам дека мулти етницитетот, различноста на работното место апсолутно придонесува за добросостојбата на секој бизнис. Тоа мешање на култури, различни начини на живеење, на разбирање на работите само ја обогатува работната средина и сите меѓусебно учиме и учат едни од други бидејќи секоја култура носи друг квалитет, има нешто што се специфично за нив. Така што, не само што работиме со овдешни вработени, имаме и надворешни работници кои не се од Македонија, имаме од Америка, од Индија, од европски држави и така натаму. Со соработниците од странство сум почувствувал дека таа разлика ја обогатува атмосферата за работа, ја прави работата полесна и побогата за едни нови искуства. Иако, пак ќе кажам, во бизнисот сепак мора да се заврши работата, тоа е основен критериум, но сметам дека, и докажано е дека но бизнисите кои се мултиетнички финансиски подобро стојат, бидејќи едноставно атмосферата за работење е подобра и луѓето се поефикасни во своето работење.
На пример главниот директор на Google, една од најголемите, веројатно најголемата компанија во свет покрај Apple и Microsoft, тој е Индиец, изворен Индиец, не е ни американизиран Индиец кој живеел во Америка па станал. Од Индија го донесоа затоа што бил способност и никој не ја гледал бојата на неговата кожа, дури уште зборува со оној индиски акцент. Сега имаше Google онлајн конференција пред три дена буквално, и збори човекот со индиски акцент но тоа никој не го гледа затоа што е супер интелигентен, супер способен, паметен и го води Google напред.
Кога збориме за диверзитетот, не само етнички, на пример директорот на Apple е геј, отворено зборува за тоа, ете никој не го прашал дали е или не е, но тој е отворен не го крие тоа и повторно тој е тој после Стив Џобс што ја дигна вредноста на Apple за 1 трилион долари. Сите овие компании, иако Google во последно време има проблеми околу диверзитетот на, сега тоа се отсликува на проблемите на американското општество, проблемите со црнците во Америка, се пресликуваат малку во компаниите, но Google, Apple и сите други преземаат мерки, и доаѓам на она што сакав да го кажам. Секоја компанија мора активно да презема мерки да го подобри диверзитетот на својата средина, затоа што, број еден, тоа придонесува за компаниската добросостојба, за атмосферата на работа и за тоа како компанијата е свртена кон светот. Значи, освен внатрешната благосостојба, компанијата проектира една состојба на диверзитет на неограниченост, на напредност. Тоа во крајна линија, освен што е добро, и помага на компанијата во извршувањето на бизнисот. Ако компанијата има добра репутација, се разбира дека полесно ќе настапува.
Инаку ќе ви кажам, основа во мојата компанија, мислам во мојата основна компанија „Инфопроект“ ние се бавиме со изработка на софтвер за поголеми компании и така натаму, значи не се случило да направиме софтвер кој не е мултилингвален. Што значи дека корисниците можат да избираат помеѓу повеќе јазици. Имаме клиенти во Бугарија, во САД, во скоро секоја европска држава од ЕУ, во Србија и така натаму, сите тие луѓе зборуваат на своите јазици. Еве во Македонија, ние не сме направиле софтвер кој што нема македонски, албански, турски, зависно од регионот во кој се користи. Дури имаме и превод на азербејџански, верувале или не. И на црногорски, и тоа е посебен јазик. Така што и мојата компанија се труди да биде во тој тренд на различитост, на прифаќање на таа култура, затоа што сметаме дека така ќе бидеме поблиску до корисниците, полесно ќе не разберат и полесно ќе ги користат нашите производи. Се испреплетува тој бизнис момент со моментот на добро владеење со тие други моменти на живеењето. Вчера буквално имав деловен состанок, работен, со една македонска фирма, а беа дојдени еден експерт од Хрватска, од Загреб и еден од Белград, Србин.
Сите знаеме какви се балканските бескрајни проблеми, меѓутоа ние сите си зборевме на свој јазик, сите си се разбиравме без никаков проблем. Тој диверзитет е природен во бизнисот. И никој на никому не забележа ако каже некој збор погрешно, дури и шеги кажувавме, затоа што тоа е добар начин на водење бизнис, тоа е од страна на бизнисот бидејќи така ме прашавте, иако сметам дека и во општеството мора да биде така.
За жал малку гледам телевизија, немам многу време, а и кога имам гледам да не гледам, меѓутоа сакам Sci-fi, па во моите гледања телевизија се збори и клингонски, но сеедно потполно се согласувам со колешките во дискусијата дека јазикот е богатство, исте јазици се богатство и дека одразуваат култура која треба да ја прифатиме. Кажувајќи го тоа, како човек што доаѓа од ИТ сектор, сите знаеме за bubble fish, рибата во увото на автостоперскиот водич низ галаксијата. Е сега тоа што е интересно е дека во следните пет години веројатно ќе стане реалност и ќе имаме сто постотно автоматско преведување на говорен јазик, оној универзален транслејтор што го викаат и многу е блиску до тоа, така што јазиците веќе нема да бидат бариера на наша среќа и ќе можеме еве да ги гледаме тие емисии, да слушаме луѓе и да комуницираме без да ни биде препрека јазикот, иако јазикот си има свој шарм. Јазикот е битен за секоја личност, меѓутоа за комуникација би било многу убаво кога не би морало да има бариера за јазици за кои не ги знаеме или не ги познаваме доволно добро за да ги разбереме што сакаат да кажат. Полека и технологијата ќе ни помогне во таа желба за обединување на културите и различностите, затоа што една од тие бариери е и јазикот реално. Смета дека тоа постои, еве гледам и на Youtube веќе почнаа да прават субтитли на англиски, француски, можеш на македонски да ги добиеш во реално време преведено. Од тоа до говор во уво е само еден чекор. Веројатно тоа за некоја година ќе стане реалност. Така што таму каде што не можат луѓето, барем технологијата ќе помогне. Во приватниот живот не гледам кој е што е туку каков човек е, дали добар или лош.
Оваа дискусија е резултат на општеството и на тие проблеми кои сеуште ги имаме, уште ние се бавиме со тоа кој од каде е и што е, наместо да се бавиме со убави работи, за жал. Но полека светот се глобализира, се стеснува, се стеснува во смисол станува лесно да комуницираш со другата страна на светот со различни луѓе.
Нас постарите, полека но ќе не снема. Младите живеат во едно општество во кое ете светот е стеснет и мислам дека тие на крај ќе ја донесат таа состојба на меѓусебно разбирање. А нас полека ќе не снема тие што ги создадовме тие проблеми, може не лично јас но моите генерации, и дека на крај тоа ќе се оправда со време.
Јас сметам дека поголемиот дел од луѓето, еве и во Македонија и во околината бидејќи имаме слични проблеми, и комшииве наши и ние а и они со нас, дека живеат сосема мирно и без многу внимание на тоа кој е, што е и како е, и дека овие вештачки бариери кои се поставени се вештачки и се политички или националистички, ама национализмот во крајна линија е политика.
Така што мислам дека обичниот народ, обичниот свет, јас живеам во Бутел 2 во разнородна средина каде што има од секакви националности, етницитети и од различно образование итн. Никогаш апсолутно не сме имале проблеми со комшиите, така што сметам дека луѓето имаат природна тенденција за едно мирно живеење, за добрососедство, за не гледање на разлики, нормално секогаш има исклучоци и сметам дека тие вештачки бариери не зависат од нас. Мора за жал да дојде до едно освестување поголемо. Еве ако велиме дека тие бариери се политички а политиката зависи од гласачите, т.е од граѓаните, граѓаните ќе мора да научат еден ден да бираат што прават, за кого гласаат во крајна линија, дали за тие кои воведуваат поделби или за тие што воведуваат заедништво. Јас наивен сум, верувам во доброто на луѓето дека во крајна линија доброто ќе победи.
Ирена Крџиќ
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Игор Чадиноски